Економската корист од одгледувањето на јуници е првото оплодување да се изврши на 15-18 месечна возраст, по постигнување на 75-80% од тежина на нивните мајки. Кај кравите најпрофитабилно е ако периодот помеѓу две телења изнесува 365 дена. Така од секоја крава се добива по едно теле годишно. Ова се постигнува кога кравите по телење ќе се оплодат до 80-тиот ден.
Најтешките раѓања и задржувањето на плацентата се причина за подоцнежен проблеми кај оплодувањето. Ако до 50-60 ден. по телењето животните не се оплодени, треба да се побара помош од ветеринарен специјалист и да се утврди причината.
Важен момент при оплодувањето на кравите е навремено откривање и утврдување на оптималниот момент за оплодување. Пожелно е оплодувањето да се врши преку вештачко оплодување од бик со познато потекло и продуктивност на генерацијата.
Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството
