Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Рецепт за кисели пиперки во тегла без конзерванси – Зимница на која нема да и одолеете
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Рецепт за кисели пиперки во тегла без конзерванси – Зимница на која нема да и одолеете
Магазин

Рецепт за кисели пиперки во тегла без конзерванси – Зимница на која нема да и одолеете

Објавено 28/09/2022
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Киселите пиперки ги сакаме поради нивниот фантастичен вкус и затоа што се одлична салата која се служи со различни јадења. Ова е одличен рецепт за да си подготвите вкусна зимница без конзерванси.

Од наведените состојки ќе добиете три тегли кисели пиперки.

Состојки:
1,5 кг месести црвени пиперки
3 чешниња лук
3 лажички сол
12 лажички шеќер
12 лажички оцет
1 л врела вода
зрна бибер
магдонос

Подготовка:
Пиперките измијте ги, исчистете ги од семките и дршките, па исечете ги на ленти. Наредете ги пиперките вертикално во чисти тегли.

Кога ќе ја наполните теглата, додадете малку лук, зрна бибер и магдонос. Во секоја тегла ставете по една лажичка сол и четири лажички шеќер.

Истурете четири лажички алкохолен оцет во секоја тегла. Пиперките прелијте ги со зовриена врела вода, до врвот.

Теглите добро затворете ги со чисти капачиња, па ставете ги во ладна рерна, вклучете ја на 90 степени и оставете ги така 90 минути.

По 90 минути исклучете го шпоретот и оставете ги теглите преку ноќ во шпоретот. Следниот ден пиперките се готови за јадење.

Во продолжение погледнете уште една варијација на рецептот.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:без конзервансизимницакисели пиперки
Претходен напис Засилени контроли против дрвократците на целата територија на државата
Следен напис Протест против депопулација на свињите во Свети Николе
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?