Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ребалансот на Буџетот од утре пред пратениците на пленарна седница
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ребалансот на Буџетот од утре пред пратениците на пленарна седница
Агровести

Ребалансот на Буџетот од утре пред пратениците на пленарна седница

Објавено 11/08/2024
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Утре започнува тридневната расправа за ребалансот на Буџетот за 2024 година, во рамки на 12. седница на Собранието. Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2024 година, во второ читање, е седма точка од дневниот ред на седницата.

Согласно Деловникот на Собранието, претресот по предлогот за изменување и дополнување на Буџетот, односно по дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на седница на Собрание трае најмногу три дена. Пратеникот во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 30 минути. Претставникот на Владата може да говори повеќе пати, но не повеќе од 30 минути вкупно.

Ребалансот ги помина општиот претрес и амандманската расправа во Комисијата за финансирање и Буџет во која беа усвоени два амандмани, по што Владата на 6 август, го донесе и дополнетиот ребаланс на Буџетот со кој, како што соопшти, се обезбедуваат плус средства – за плати и за набавка на опрема за повеќе институции.

Со подготвениот и надограден ребаланс се проектираат средства за целосно сервисирање на сите права и доспеани обврски до крајот на годината – за пензионерите, за вработените во администрацијата, за бизнисот, здравството,… Обезбедени се средства за исплата и зголемување на платите во јавната администрација согласно сите потпишани колективни договори, објасни министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска по завршување на комисиската расправа.

-Се обезедија надополнувања во Државната изборна комисија, Комисијата за заштита на конкуренцијата, Агенцијата за заштита на лични податоци, Оперативно-техничката агенција, Инспекцискиот совет, министерствата за внатрешни работи, за образование и за транспорт и врски, Царинската управа, судската власт, Јавното обвинителство, Советот на јавни обвинители, Народниот правобранител… Во Државната изборна комисија се дополни износ од 350 милиони денари, во Инспекциски совет 147 илјади денари за набавка на опрема, во МВР 60 000 000 денари за набавка на материјали за лични документи, 87,2 милиони за дореализација на Проект Брана Отиња и дополнителни 20 милиони денари за надомест за одземен имот за Проектот Брана Отиња (експропријација), кај Македонската академија на науките и уметностите 18,7 милиони денари за научно истражувачки проекти и 3,3 милиони за набавка на опрема, како и 138 000 денари за дореализација за набавка на опрема кај Народниот правобранител, информира Димитриеска-Кочоска.

Со ребалансот се обезбедени 5,1 милијарда денари дополнително за исплата на пензии 800 милиони денари за корисниците на правото на гарантирана минимална помош, 1,7 милијарди денари за здравствена заштита, една милијарда денари за ТИРЗ, 1,7 милијарди денари за субвенции и трансфери за директна финансиска поддршка во земјоделскиот сектор дополнителни, за студентски оброк дополнителни 437 милиони денари, како и 207 милиони денари за исплата на стипендии, а издвоени се и шест милијарди денари за проекти во општините.

На утрешната собраниска седница има вкупно 34 точки. Пред пратениците се и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година, по скратена постапка, како и Предлог-завршната сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година. Треба да бидат разгледани и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, Предлог-законот за изменување на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, Предлог-законот за изменување на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување, Предлог-законот за изменување на законот за прекинување на бременоста, Предлог-законот за изменување на Законот за евиденциите во областа на здравството, Предлог-законот за изменување на Законот за забрана на развивање, производство, складирање и употреба на хемиски оружја, Предлог-законот за изменување на Законот за безбедност во снабдувањето со крв, Предлог-законот за изменување на Законот за ментално здравје, Предлог-законот за изменување на законот за континуирано стручно усовршување на докторите на медицина, Предлог-законот за изменување на Законот за доброволно здравствено осигурување, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, Предлог-законот за изменување на законот за управување со дополнителни текови на отпад, Предлог-законот за огласување ништовност и поништување на правни акти, дејствија, мерки и правни последици од постапките за лустрација, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за oдликувања и признанија, сите во прво читање.

Меѓу другите, на дневен ред е и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка, за којшто пратениците од Левица најавија дека ќе бараат да биде повлечен и јавна расправа, а реагираше и О2 Иницијативата.

На дневен ред на 12. седница се и повеќе предлог измени и дополнувања на законите од областа на културата, сообраќајот, шумите, ловството, спортот,…, кои треба да се донесат по скратена постапка, како и Предлог-просторниот план на Национален парк Пелистер 2016-2030.

Собранието треба да ги разгледа и предлог-законите за прогласување на Kањонот Матка и на Охридско Езеро за споменици на природата, како и на Студенчишко Блато за Парк на природата.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:исплатапарипратенициребалансседницасобрание
Претходен напис И вакви нè има: Туристи на враќање од одмор имале сообраќајна незгода во Македонија, имињата не ги знаат, но испратија порака до едни луѓе
Следен напис Агротим ВЕСТИ: ЕК го одобри спојувањето на трговците со жито Bunge и Viterra, Русија го дуплира производството на свинско месо…
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?