Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 23 субјекти исплати близу 40.514.921,00 милиони денари за субвенции.
– Директни плаќања за производен и продаден домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација за житни, фуражни, индустриски, градинарски култури. Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал кои имаат производен и продаден семенски материјал во 2023 година или користен за сопствени потреби согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија и имаат добиено сертификат за конечно сертифицирано семе.
Исплатени се 17 корисници во вкупен износ од 32.732.971,00 денари.
– Директни плаќања за производство на предосновен и основен семенски материјал за житни култури. Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал кои имаат производен и продаден предосновен и основен семенски материјал за житни култури во 2023 година согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија.
Исплатени се 6 корисници во вкупен износ од 7.781.950,00 денари.
Директорот на АФПЗРР, Илија Стоилев информира дека апликациите за субвенции се обработуваат со забрзана динамика се со цел земјоделците и сточарите да имаат доволно средства во ек на сезоната и пред почетокот на сеидбата.