Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Исплатени 246,3 милиони денари дополнителни директни плаќања на 4.120 корисници за градинарски и овошни култури предадени во преработувачки капацитети
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Исплатени 246,3 милиони денари дополнителни директни плаќања на 4.120 корисници за градинарски и овошни култури предадени во преработувачки капацитети
Субвенции

Исплатени 246,3 милиони денари дополнителни директни плаќања на 4.120 корисници за градинарски и овошни култури предадени во преработувачки капацитети

Објавено 20/10/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – АФПЗРР, ја реализираше исплатата по основ на допоплнителни директни плаќања за градинарски и овошни култури, предадени во преработувачки капацитети.

Висината на финасиската поддршка за директните плаќања кај овие две подмерки изнесува 3 денари по килограм, за предадено производство на градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети.

Вкупно кон 3.942 производители на градинарски култури, кои своето производство го предале во преработувачки капацитет е исплатена финансиска поддршка од 230 милиони денари.

Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства, кои имаат засадени површини со градинарски култури, корисници од подмерка 1.4, а кои оствареното производство го предале во преработувачки капацитети за зеленчук директно или преку еден регистриран откупувач во период од 26 декември 2020 – 25 декември 2021 година, вклучувајќи ги и корисниците кои произведените градинарски култури ги искористиле за потребите на сопствениот преработувачки капацитет – запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

Исплата за дополнителни директни плаќања од подмерката 1.7, за овошни култури предадени во преработувачки капацитети е извршена кон вкупно 178 производители на овошни култури, со исплатена финасиска поддршка од над 16 милиони денари.

Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства кои имаат засадени површини со следниве овошни видови: вишна, малина, капина, аронија, гоџи бери, кајсија, јагода и киви, и се корисници од подмерка 1.7, а кои оствареното производство на овошје го предале во преработувачки капацитети за овошје директни или преку еден регистриран откупувач во период од 26 декември 2020 година – 25 декември 2021 година, запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

Посветено продолжуваме да креираме мерки и политики за поддршка на земјоделците, да имаат стабилно и квалитетно производство, поголем принос на домашно производство предадено во домашни капацитети.

Може да ви се допадне

ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ ЗА ТУТУН: На 15 144 тутунари, исплатени 2 028 714 243 денари
Еве кои земјоделци до 15 мај треба да поднесат барања за субвенции за 2026!
Исплатени 1 060 218 денари за оризова арпа од интервентен фонд
АФПЗРР: Исплатени 3 313 888 денари за складирање на пченица
МЗШВ: Исплатени се близу 94 милиони денари кон околу 2.430 земјоделци
Таг:градинарски културиовошни култури
Претходен напис Денеска е Ден на јаболката – Во светот постојат 7.500 сорти јаболка, а во Европа ги донел Александар Македонски
Следен напис Намален водостојот на Охридското Езеро
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?