Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Разговор со треварот Науме Петковски од Ресен: „Не постои неизлечива болест, бидејќи во природата има лек за сè“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Разговор со треварот Науме Петковски од Ресен: „Не постои неизлечива болест, бидејќи во природата има лек за сè“
Магазин

Разговор со треварот Науме Петковски од Ресен: „Не постои неизлечива болест, бидејќи во природата има лек за сè“

Објавено 21/07/2022
Сподели
9 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Треварот Науме Петковски од Ресен, заедно со неговата фамилија, повеќе од 40 години се занимава со производство на чаеви, чајни комбинации и производи од чајни комбинации. Основач е на фирмата „Роза Канина“, која се занимава со алтернативна медицина. Во разговорот Науме ни откри дека тој по професија е дипломиран правник, кој почнал да се занимава со треварство, откако уште од раната младост, со пиењето чаеви ги надминал проблемите со нарушувањата на работата на бубрезите кои медицински биле нерешливи за модерната медицина.

Тоа било мотив и поттик за него и за неговата сопруга да го завршат отсекот треварство при ЦСОУ „Димитар Влахов“ и да почнат да ја „испитуваат” природата.

„Не постои „неизлечива болест“, бидејќи во природата има лек за се“, вели Науме Петковски.

Петковски атестирал и патентирал четири чајни комбинации, мацерати, тинктури и медовини. Освен лекувањето со чаеви и чајни комбинации препорачува и соодветна исхрана.

„Треба да се истакне дека сите чаеви се неотровни, не може да дојде до предозирање и нема контра ефекти со други лекови.“, открива треварот.

Науме Петковски го комбинира консумирањето чаеви со соодветна исхрана, диалектички метод, односно комбинирање на лековити растенија и режим на исхрана.

-Правилната исхрана e суштествено избегнување на „белите смрти: (сол, шеќер, млечни производи)“ „храна која е предизвикувач на поголем број заболувања која вклучува рафиниран шеќер и производи од рафиниран шеќер, млечни производи, бигор од вода, конзерванси, газирани и алкохолни пијалаци“ и правила на однесување кои вклучуваат пешачење, правилно дишење, внесување на определени микро-елементи кои му се неопходни на организмот преку посебните рецепти: приготвување на бројсов сок, пченична каша, мајонез од лук и слично. Овие примери се во согласност со одлично истакнати автори во овој сегмент како што се: Еселстин, Зараи, Карпаер, Камбел, Грегер и други, за однесување со внесување на здрава и жива храна – вели Петковски.

Науме Петковски открива дека според нивниот третман, најважни се три фактори:

-психолошкиот (желбата да се оздрави),
-начинот на лекување (чаевите) и
-менување на режимот на исхрана (вклучување на здрава и жива храна и избегнување на храна што носи болести).

Работат по рецептури од неколку југословенски, бугарски и македонски фармакопеи, како што се Весна Лукаровска, Јован Туцаков и Васо Дервенџе.

„Во однос на квалитетот и нутритивната вредност на лековитите растенија, ги собираме најчесто на високите места на Галичица и Пелистер каде што се најквалитетни, а со тоа обезбедуваме диворастечки, органски, нетретирани со препарати концентрати, а поради височината и концетрациите на корисни својства се многу повисоки од ливадските растенија. Важно е да се внимава и на периодите за собирање – која тревка кога се собира и во какво време, тревката да биде собрана кога e сончево, да нема роса и да е здрава. Ги сушиме, пакуваме и чуваме во посебни простории. Целиот процес на собирање, сушење и пакување на тревките е во согласност со имплементираните стандарди HACCP, и органскиот сертификат, со цел да се испорача максимален квалитет на производите и ефективноста на нашите производи.“

Го прашавме господинот Науме за што најмногу се користат нивните чаеви и чајните комбинации.

„Комбинација на нашите производи, со применетиот режим на исхрана и однесување, помага за решавање и лекување на голем број заболувања, дури и за болести за кои и модерната медицина е немоќна, како што се: болести на мочниот систем (воспаленија на бубрези, уретри, на бешика, на простата, воспалителни проблеми на гениталиите, на јајниците, бактериолошки проблеми, камења, инсифициенци, нефросклерози), потоа кај црнодробните заболувања (болести на црниот дроб, хепатитични состојби, цирози, дијабетес, тумори и малигни болести), стомачни заболувања (чиреви на стомак, чиреви на дванаестпалачното црево, гастритис, езофагијатис и слично), кожни заболувања (псоријаза вулгарис, витилиго) и други заболувања. Иако за сите овие заболувања и болести некогаш не постојат соодветни медицински решенија, на применетиот начин кој ние го покажуваме во нашата книга, може да се решат во целост.

Нашиот пристап e всушност терапија со тоа што за сите пројавени проблеми или прашања во текот на лекувањето, на располагање им стоиме за консултација и за разговори со цел целосно решавање на здравствените прашања. A по однос на модерната медицина, нашиот пристап работи во координација со терапиите кои луѓето ги користат затоа што нема нус појави без разлика кои медикаменти се во прашање. Ова тврдење е потврдено и со монографиите од (Светска здравствена организација, WHO), во која се токсиколошки проверени поголем број на лековити растенија кои ги препорачуваме“.

Петковски вели дека терапијата е секогаш успешна доколку пациентот е дисциплиниран.

„Ако пациентот е дисциплиниран, терапијата секогаш е успешна. Тревите и чаевите не создаваат зависност, и може да се пијат заедно со пропишаните медикаменти. Ние работиме по дијагнози. Најчесто бараме крвна слика за да се добие впечаток за болеста, и за да се определи режим на исхрана. Дијагнозата ги открива причинителите на болеста, а нашите производи ги „стопираат“ а потоа го принудува организмот сам да се избори. Затоа и решенијата се трајни. Билките се чистачи на организмот и имаат повеќе својства – диуретични, антибактериски, антисептични, во зависност од комбинацијата и кој проблем се решава. Со чаевите не се лечи само болеста, туку целиот организам. За илустрација, во една лековита тревка (корен), се издвојуваат од 200 до 400 основни својства на билката, а при комплет се добиваат илјадници својства. Кај класичните лекови има висока концентрација само на одредена компонента, и ефектите се многу брзи иако некогаш не се решава причината на болеста тука само последицата. Со нашите чаеви лекувањето е подолготрајно, затоа што организмот ги решава и причините и последиците на болеста. Со чаевите и нашите терапии не се оздравува за 2 – 3 дена. Чаевите се пијат 7, 14, 21, 42 па дури и 80 дена, ама затоа после организмот е излечен и без тегоби.

Во случај на псоријазата (psorijazis vulgaris), иако медицината ја дијагностиција како кожен проблем, се работи за „искривен“ метаболизам, хормонални нарушувања, нарушувања во ензимскиот статус и проблеми со трансаминазите во црниот дроб коешто е видливо од хепатограм (крвна слика со податоци за црнодробниот систем). Со режим на исхрана, комбинација од околу 100 вида тревки во нашите чаеви, и со масти, псоријазата целосно се лекува. Примери на целосно излекувани пациенти со псоријаза и нивни искуства, по два месеци имаат чувство како и никогаш да немале проблем со кожни заболувања.

Треба да се спомене дека во нашите препарати користиме компоненти не само од цветовите и стеблата туку и од подземните делови на растенијата, кои се „влечат“ со помош на алкохоли и вина. На пример, нашите кантарионови масла се прават по народни рецептури. Жолтиот кантарион, комбиниран со други тревки со антисептични својства „стои” во нерафинирано маслиново масло 40 дена. Нашиот кантарион и кантарионово масло, успешно помага во терапијата за кожните проблеми и овозможува брзо регенерирање на кожата, но целокупната терапија за ова заболување е заради овозможување на организмот да создаде нови здрави кожни клетки и крајно да го реши проблемот со псоријазата. После една или две терапии се добива буквално нова кожа и целосно и трајно решавање на проблемот со псоријазата.“

Првите корисници на нашиве терапии беа комшиите, сограѓаните, блиските, за понатаму да се прошири на територија од Македонија па и пошироко. Посебно успешно се лекуваат чиревите во дигестивниот систем, црнодробните заболувања, бубрежните заболувања, кожните заболувања како што се псоријаза вулгарис, витилиго, импетиго, егземи, еритхемен лупус, и многу други болести. Дури и комплетно здрави лица би требало да ги земаат чаевите чисто како превентива за спречување на идни болести.

Од неодамна „РОЗА КАНИНА“ е дел и од Алијансата на „Премиум производи“, во која се вклучени 11 мали производители, поддржани од швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:тревар
Претходен напис Високи температури од портокалова фаза, Владата со препораки до граѓаните
Следен напис Николовски: 210 милиони евра нови инвестиции за македонското земјоделство преку ИПАРД 3 програмата
6 коментари 6 коментари
  • Elena напиша:
    на 22/07/2022 г. во 13:38 часот

    Redovno koristam chaevi od Naume. Na samata ambalaza si pishuva upastvo za site proizvodi kako se koristat.Nivnite proizvodi se besceneti.

    Reply
  • Зоран Росоман напиша:
    на 08/12/2022 г. во 19:14 часот

    Поздрав до директорот Науме Петковски. Лично ги имам испробано неговите производи и топло ги препорачувам на сите кои имаат некакви здраствени проблеми. Не ја криете болеста од никого затоа што не се знае кој може да ви помогне.. Сите болести влегуваат преку уста. Лекот е во природата.

    Reply
  • Jadranka напиша:
    на 09/01/2023 г. во 08:25 часот

    Dobro utro!!!!!!!!!!!!!!
    Citam deka imate caj i za kozni bolesti.Dali egzem ili alergija spaga vo ovaa grupa?
    Pretezno se javuva na prolet pojako ,a vo tekot na ostanatiot period e poslaba ,a znae i da se pojaca.i ima bronhijalna asma .
    Se nadevam ke mi odgovorite vo skoro vreme
    Pozdrav i sekoe dobro

    Reply
    • agrotim3 напиша:
      на 09/01/2023 г. во 12:36 часот

      Почитувана, ние не вршиме продажба. Во текстот имате информации каде можете да се обратите за тоа што ви е потребно

      Reply
  • HRISTO Spoa напиша:
    на 02/06/2023 г. во 11:18 часот

    Bolen sum od bolest za koja do sega nema lek . Postojat nekolku povremeni olesnuvaci koi po izvesno vreme ne deluvaat i gi pojacuvat simptomite . Voobicaen naziv koj ne ja opisuna bolesta i nosi pogresni zakljucoci e Sindrom na nemirni noze i ako simptomite nekogas go zafakaat celoto telo . Engleskiot naziv e Resstles Legs Syndrome ili RLS a nazivot spored lekarite koi ja opisaa ova bolest Willis – Ekbom disease ili WED . Se nadevam deka ke se potrudite da najdete lek . Vnimavajte na pogresnite ili netocnite informacii . Blagodaram

    Reply
  • Zivko напиша:
    на 02/06/2023 г. во 13:47 часот

    Podolgo vreme baram Prespanska gorchica koja ja koristev za stomachni problemi vo prodavnicite za zdrava hrana vo nas Aerodrom vo Skopje, no odgovorot e nema. Shto e problemot.

    Reply

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?