Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Расте производството на лажни пестициди во Европа – откриена е и фабриката
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Расте производството на лажни пестициди во Европа – откриена е и фабриката
Агровести

Расте производството на лажни пестициди во Европа – откриена е и фабриката

Објавено 05/08/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од 25 јануари до 25 април 2022 година, беше спроведена операцијата Сребрена секира VII, координирана од Европол, и во неа беа вклучени органи за спроведување на законот од 31 земја, од кои 25 се земји членки на ЕУ и шест земји од трети страни. Ова е седми пат како се спроведува годишната голема операција насочена кон нелегални пестициди.

„Како резултат на минатите операции „Сребрена секира“, успеаја да запленат речиси 5.000 тони нелегални и фалсификувани пестициди“, рече Катрин Де Боле, извршна директорка на Европол. Таа наведе дека отстранувањето на ваквите нерегулирани и потенцијално опасни производи од пазарот придонесува за побезбедна и поздрава животна средина за граѓаните на ЕУ.

Резултат на акција

Ваквите средства, и покрај нивната ниска цена, имаат висока цена за животната средина, јавното здравство и земјоделската индустрија. Фокусот бил на пристаништата, аеродромите и другите влезни точки каде што можел да се открие нивниот увоз и извоз. Идентификувани се нови трендови кои се појавуваат на црниот пазар на ЕУ како производи за заштита на растенијата.

Резултатот од последната акција бил апсење на 10 осомничени и запленување на 1.150 тони нелегални и фалсификувани пестициди, како и откривање на фабриката каде што се фалсификувани.

Зголемена е трговијата со нелегални пестициди на југот на Европа и во областа на Црното Море, особено од Турција, но Кина и понатаму е на прво место како место на потекло.

Зголемен е и бројот на пратки со помала тежина, кои имаат 10 литри односно 10 килограми, а зголемен е и обемот на онлајн трговијата. Фалсификуваните производи од ЕУ исто така се во пораст, што доведе до поголемо запленување на производствената опрема и суровините.

Масовна операција

Откриени се и бројни криминални рути и продавници преку кои оваа стока стигнува до пазарот. Готовите производи се увезуваат во амбалажа слична на познати брендови или како состојки за производство на пестициди. Во Бугарија е откриен еден производствен капацитет.

Друг евидентиран начин е да се увезат средствата во земјите каде што е дозволено нивно користење, а потоа дополнително да се дистрибуираат до оние каде што не се одобрени.

Европол ја координираше операцијата, ја олесни размената на информации и обезбеди оперативна и стратешка аналитичка поддршка. Во акцијата учествуваа следните земји членки: Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Данска, Естонија, Франција, Финска, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија.

Земји од трета страна: Бразил, Колумбија, Украина, Обединетото Кралство, Норвешка и Соединетите Американски Држави.

Учествуваа и Канцеларијата за интелектуална сопственост (EUIPO), Европската канцеларија за борба против измами (OLAF), DG SANTE на Европската комисија, CropLife Europe и CropLife International.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:лажни пестицидипестициди
Претходен напис Три брода со жито денеска ќе испловат од украинските пристаништа
Следен напис РБСМ во првата половина од 2022 година со позитивни резултати, и со поддршка на компаниите во услови на економска и енергетска криза
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?