Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Раст на прометот во индустријата во октомври
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Раст на прометот во индустријата во октомври
Агровести

Раст на прометот во индустријата во октомври

Објавено 15/12/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Прометот во индустријата, вкупно, во октомври 2023 година, во однос на истиот месец лани, е зголемен за 4.8 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во октомври 2023 година, во однос на октомври 2022 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 14.1 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 1.9 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 10.3 %.

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во октомври 2023 година, во однос на септември 2023 година, изнесува 98.5, додека во периодот јануари – октомври 2023 година, во однос на периодот јануари – октомври 2022 година, изнесува 103.0.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во октомври 2023 година, во однос на октомври 2022 година, изнесува 107.8.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во октомври 2023 година, во однос на октомври 2022 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.7 %, Капитални производи за 86.6 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.5 %.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во октомври 2023 година, во однос на септември 2023 година, изнесува 100.2, додека во периодот јануари – октомври 2023 година, во однос на периодот јануари – октомври 2022 година, изнесува 102.1.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во октомври 2023 година, во однос на октомври 2022 година, изнесува 104.3.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во октомври 2023 година, во однос на октомври 2022 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 10.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 18.6 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 2.6 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 9.1 %.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во октомври 2023 година, во однос на септември 2023 година, изнесува 98.8, додека во периодот јануари – октомври 2023 година, во однос на периодот јануари – октомври 2022 година, изнесува 103.2, се наведува во соопштението од ДЗС.

МИА

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:индустријатаоктомврипрометотРаст
Претходен напис МЗШВ: Аплицирајте за мерката 1.3 дополнителни плаќања од подмерка 1.1 за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и авион
Следен напис Утре облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?