Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Раст на каматната стапка на депозитите, намалување кај кредитите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Раст на каматната стапка на депозитите, намалување кај кредитите
Агровести

Раст на каматната стапка на депозитите, намалување кај кредитите

Објавено 01/07/2025
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во мај годинава, просечната каматна стапка на вкупните кредити оствари месечно и годишно намалување од 0,05 п.п. и 0,43 п.п., соодветно и изнесува 5,06%. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 2,21% што претставува месечен и годишен раст од 0,01 п.п. и 0,35 п.п., соодветно.  

– Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити2, во мај, е зголемена за 0,85 п.п. при годишен пад од 0,47 п.п. и изнесува 4,72%. Кај просечната каматна стапка на новопримените депозити е забележан месечен и годишен пад од 0,02 п.п. и 0,04 п.п., соодветно и изнесува 2,32%. 

1. Каматни стапки на корпоративниот сектор3  – Во мај, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор изнесува 4,66% и е пониска за 0,07 п.п. во споредба со претходниот месец. Надолната промена е резултат на намалувањето на каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,08 п.п. и 0,07 п.п., соодветно), при забележан пад и на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,01 п.п.). Во споредба со мај минатата година, оваа каматна стапка бележи намалување од 0,65 п.п. 

Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, во мај, оствари месечно зголемување од 1,25 п.п. и изнесува 4,67%. Месечната промена се должи на растот на каматните стапки на сите компоненти и тоа: каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 1,35 п.п. и 0,46 п.п., соодветно) и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,17 п.п.). Анализирано на годишна основа, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор е пониска за 0,49 п.п. 

Овој месец, просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор е непроменета на месечна основа и изнесува 2,62%. На годишна основа, оваа каматна стапка бележи раст од 0,41 п.п.  ‒ Каматната стапка на новопримените депозити4 на корпоративниот сектор изнесува 2,30% и забележа месечен раст од 0,07 п.п. Нагорната промена во целост е резултат на зголемувањето на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,22 п.п.), додека каматните стапки на депозитите во странска валута остварија пад од 0,21 п.п. Овој месец, банките и штедилниците не евидентирале новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор е намалена за 0,08 п.п. на годишно ниво. 

Во мај, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е намалена за 0,03 п.п. на месечно ниво и изнесува 5,45%. Анализирано по валута, промената произлегува од падот на каматните стапки кај сите компоненти, и тоа: каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,05 п.п. и 0,02 п.п., соодветно), како и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,01 п.п.). На годишна основа, оваа каматна стапка оствари пад од 0,20 п.п. 

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, во мај, забележа месечен раст од 0,12 п.п. и изнесува 4,79%. Притоа, растот во целост се должи на зголемените каматни стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,09 п.п.), при пад на каматните стапки на кредитите во странска валута и каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,05 п.п. и 0,04 п.п., соодветно). Годишниот пад на просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата изнесува 0,47 п.п. 

Во мај, каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата изнесува 2,15% и бележи месечно зголемување од 0,01 п.п. Месечната промена произлегува од растот на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула и на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,01 п.п., соодветно), во услови на пад на каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула (за 0,02 п.п.). Во споредба со истиот месец претходната година, оваа каматна стапка е повисока за 0,34 п.п.  – Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата6 овој месец е пониска за 0,08 п.п. и изнесува 2,34%. Притоа, падот е резултат на намалените каматни стапки на депозитите во странска валута и каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,24 п.п. и 0,02 п.п., соодветно). Во мај, банките и штедилниците не евидентирале новопримени денарски депозити со валутна клаузула. На годишна основа, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата е намалена за 0,02 п.п. 

Народна банка на Република Северна Македонија

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:депозититекаматната стапкакредититенамалувањераст
Претходен напис Од денеска летен режим на сообраќај за тешки товарни возила на државните патишта
Следен напис Целосна забрана за движење во шума од денеска до 31 август
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?