Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Распишани повеќе од 7 јавни огласи – 13.785 хектари земјоделско земјиште ставено на располагање на земјоделците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Распишани повеќе од 7 јавни огласи – 13.785 хектари земјоделско земјиште ставено на располагање на земјоделците
АгровестиЈавни огласи и повици

Распишани повеќе од 7 јавни огласи – 13.785 хектари земјоделско земјиште ставено на располагање на земјоделците

Објавено 03/07/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) распишаа седум јавни огласи за доделување под закуп на државно земјоделско земјиште до и над 3 хектари.

Преку овие седум јавни огласи на располагање на земјоделците и земјоделските стопанства се ставаат вкупно 13.785 хектари државно земјоделско земјиште распоредени низ целата територија на државата. Намената на огласите е обработка на житни култури, подигнување на долгогодишни насади и производство на сточна храна.

„Одговорно ги подготвуваме и креираме сите мерки за поддршка на земјоделците со цел стабилно и зголемено домашно производство. Не оставаме ниту една педа необработено земјоделско земјиште, а ова е само една од целите во донесениот Национален план за производство на храна во април годинава. Ги повикуваме земјоделците да ги следат јавните повици на МЗШВ и максимално да ја искористат секоја мерка која е ставена на располагање, како и понатаму активно да бидат вклучени во креирањето на земјоделските политики и мерки“, истакнуваат од Министерството.

За обработка на житни култури преку јавен оглас на располагање беа ставени 5.722 хектари државно земјоделско земјиште над 3 хектари распоредено во 14 региони низ државата. Овој оглас кај земјоделците предизвика до сега рекорден интерес и веќе се потпишани 258 договори за закуп на државно земјоделско земјиште над 3 хектари.

На 30 јуни заврши рокот за аплицирање и на четирите јавни огласи за закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари распоредено во 31 регион низ државата со намена за подигнување на долгогодишни насади. Вкупната површина земјоделско земјиште која преку овие четири огласи се стави на располагање за земјоделците е 4.294 хектари.

Во тек се нови два јавни огласи, чиј рок истекува до 21 јули, за доделување под закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари за подигнување на долгогодишни насади и за производство на сточна храна. Вкупната површина која со овие два јавни огласи се става на располагање изнесува 3.769 хектари.

Линкови од активните огласи:

http://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&News=2689

http://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&News=2688

„Како министерство правиме се за да обезбедиме доволно храна за сите. Оваа криза, со која се соочуваме, полесно можеме да ја поминеме само доколку сме обединети и доколку одговорно се однесуваме. Токму затоа МЗШВ целиот овој период инсистира и вложува напори целото домашно производство да заврши пред сѐ во домашните преработувачки и откупни центри“, информираат од МЗШВ.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:земјамзшвогласиповицисубвенциитериторијахектари
Претходен напис ИНТЕРВЈУ на СЛОБОДЕН ПЕЧАТ со Ленче Николовска: Договорното производство треба да се форсира, новиот проект е маслодајна репка
Следен напис Времето денеска сончево и топло до 38 степени, попладне дожд и грмежи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?