Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Работилница: Ако малите фарми не ги применат биосигурносните мерки против африканската чума, земјава може да остане без свинско месо
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Работилница: Ако малите фарми не ги применат биосигурносните мерки против африканската чума, земјава може да остане без свинско месо
Агровести

Работилница: Ако малите фарми не ги применат биосигурносните мерки против африканската чума, земјава може да остане без свинско месо

Објавено 19/02/2024
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ако малите свињарски фарми не ги сфатат сериозно препораките за преземање на соодветните мерки против африканска чума, земјава може да остане без свинско месо, предупредија денеска учесниците на обуката „Мисија за одржлива техничка помош (STM) за африканска свинска чума во Северна Македонија” што ја организира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Како што беше истакнато, месечно се јавуваат по еден до два нови случаја на болеста во земјава и тоа токму кај нерегистрираните, мали семејни фарми кои не обрнуваат големо внимание на биосигурносните мерки. 

Од првиот случај во 2022 година до денес, кај нас се регистрирани 62 жаришта, а депопулација е извршена на преку 14 000 свињи.

-Проблемот со свинската чума трае веќе две години и има голем процент на заразеност во сите делови на државата. За жал, малите фармери, тие што не се регистрирани, не ги сфаќаат пораките од Агенцијата за храна и ветеринарство и од поголемите фарми и ние сме на удар. Болеста не е зооноза, но сепак се одразува врз економскиот дел и ако продолжи вака, би можеле да останеме без свинско месо на македонските трпези. Затоа, акцентот треба да се стави, пред се, на малите фарми, да се подигне нивото на свест за да можеме сите заедно да се бориме со овој горчлив проблем, изјави претседателот на Здружението на свињарски фарми „Македонско прасе“ Бојан Георгиевски.

Тој напомена дека против вирусот на африканска чума се уште нема вакцина, ниту лек.

-Имаме проблем со трговците на прасиња, фармите не се оградени, немаат бариери, гробници, комарници (зашто вирусот е векторски пренослив и може да се пренесе и преку храна и преку крв и преку облека), не се внимава кој влегува на фармата, а кој излегува. Ова се дел од најкруцијалните работи кои не се опфатени во онаа популација фармери кои се уште мислат за африканската чума исто како за короната, дека е донесена од некаде за големите фарми да ги уништат малите. Но, тоа нема врска. Сите заедно работиме и за сите има место на овој пазар, посочи  Георгиевски.

Според директорот на АХВ, Николче Бабовски, секојдневно се апелира до одгледувачите на свињи, ловните друштва и концесионрите на ловиштата да ги применуваат биосигурносните мерки.

-Веќе имавме медиумска кампања преку која се трудевме да им објасниме на сите одгледувачи на свињи, независно дали се мали семејни или големи фарми, што се треба да преземат. Од првиот случај на болеста во Европа во 2014 година до денес, преку системите за нотификација секојдвено гледаме нови жирашита, но и во нашата држава. Од првиот случај во земјава, во 2022 година, до денес има 62 регистрирани жаришта, а депопулација е извршена на преку 14 000 свињи. Оваа бројка за нашата економија е доста голема, истакна Бабовски.

Како што информира, волку високата бројка се должи на депопулацијата во фармата „Овчеполка“ каде биле уништени преку 8 000 грла.

-Сметам дека веќе не треба да алармира колку е поразителна оваа болест за економијата на секоја држава. Уште еднаш алармираме на буквално и целосно применување на бвиосигурносните мерки од одгледувачите, но и од Ловната федерација, концесионерите на ловиштата, националните паркови и секој граѓанин кој може да дојде во контакт со домашните, но, пред се, со дивите свињи зашто таму е резервоарот на вирусот, подвлече Бабовски.

Тој повтори дека еден од најголемите преносители на африканската чума е човекот и затоа е неопходна висока свест за борба против оваа болест.

-Се работи за високосмртоносен вирус за домашните животни. Болеста не спаѓа во групата зоонози, кои се пренесуваат и на луѓето, а, за жал, предизвикува катастрофални последици во економиите на државите каде има голем замав. Во регионот скоро нема земја во која не е регистрирана болеста и кај домашната и кај дивата популација свињи. Мерките за справување на светско ниво се веќе востановени, а тоа значи дека останува на нас да ги применуваме, нагласи директорот на АХВ.

Учесници на обуката се претставници од Ловрчка федерација, Фслултет за вет мефицина, вВетринарна комора, здруженика на одглефувачи на,свињи Македонско прасе и Гицко, ветринари, Национални шумиШумарски факултет.

Обуката почна денеска и ќе трае до четврток, а АХВ ја организира со поддршка на Директоратот за здравје и безбедност на храна на ЕУ.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:африканската чумабиосигурносните меркималите фармиработилницасвинско месо
Претходен напис Четирицикли од америчкиот бренд ODES, моќни повеќенаменски возила за сите терени, корисни од изгрејсонце до зајдисонце
Следен напис Земјоделците го блокираа центарот на Прага
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?