Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа во Будва 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа во Будва 
Агровести

Работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа во Будва 

Објавено 14/11/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Црна Гора и Постојаната работна група за регионален рурален развој (СВГ) во Југоисточна Европа (ЈИЕ) ќе бидат домаќини на 16. годишен работен состанок на министрите за земјоделство од ЈИЕ што ќе се одржи утре во Будва, Црна Гора.

Перспективите во секторот за земјоделство и руралниот развој во регионот на ЈИЕ ќе бидат клучни теми на состанокот, но ќе се разгледаат и процесот на регионална соработка во агро секторот, како и значењето на евроинтеграцијата за земјите од Западен Балкан.

Предвидено е министрите да елаборираат за имплементација на ИПАРД програмата во земјите на Западен Балкан и важноста на ИПАРД 3 што треба да се користи како алатка за спроведување на т.н. зелена агенда, но и за важноста на слободната трговија и обврските и мерките за слободно движење на земјоделските стоки, снабдувањето и резервите, имајќи ги предвид тековните геополитички случувања и влијанието на војната во Украина.

Оваа година во ноември Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Црна Гора го презема претседателствувањето со Собранието на СВГ за следната годината и се стреми кон регионална соработка и интеграција во областа на земјоделството и руралниот развој на целиот регион на Западен Балкан. 

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:БудваЗемјоделствоминистрисостанок
Претходен напис Лековитите моќи на „чувар на куќата“, растение чија неуништлива енергија се пренесува во домот
Следен напис (ВИДЕО) Како се прави путер од кикирики, берба и преработка на кикирики со модерна технологија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?