Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пуштен во употреба полузатворениот Градски пазар во Штип
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пуштен во употреба полузатворениот Градски пазар во Штип
Агровести

Пуштен во употреба полузатворениот Градски пазар во Штип

Објавено 07/06/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Штип денеска свечено беше пуштен во употреба полузатворениот Градски пазар. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска истакна дека новиот дел има 100 тезги за продажба на земјоделски производи и ќе овозможи на штипјани посовремени услови за пазарување. Инвестицијата на Општина Штип е околу 12 милиони денари.

-Дополнително се создадени и нови 50 паркинг места, со што ќе се подобри функционалноста на самиот пазар. Станува збор за проект на Општина Штип, којшто практично го оставаме на ЈП „Исар“ да управува со Градскиот пазар. Дванаесет милиони денари е инвестицијата за изградба на овој полузатворен пазар, заедно со паркинзите и асфалтирање на сервисната улица, вели Јорданов.

Директорот на ЈП „Исар“, Кирил Зајков истакна дека денешниот ден е свечен ден за граѓаните на Штип и за комуналното претпријатие, кое стопанисува и со работната единица Градски пазар, бидејќи Штип доби модерен европски пазар.

-Обезбедени се современи услови за пазарење и за граѓаните и за производителите на земјоделски производи и трговците. Ова е капитална инвестиција, а она што го сведочат самите граѓани и пазарџии дека овој начин на пазарување е исклучително добро, бидејќи освен нови тезги има и голем простор по којшто граѓаните слободно можат да се движат, вели Зајков.

Раководителот на Градски пазар, Димче Колев посочи дека со ново изградениот дел Градскиот пазар во моментов има 220 продажни места, со што се задоволуваат потребите на пазаџиите. 

МИА

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:Градски пазарполузатворениотпуштенупотребаШтип
Претходен напис Општина Кавадарци инвестира во рурален развој
Следен напис Бабовски: Јадеме безбедна и квалитетна храна, поради грешки на операторите во маркетите може да се најдат производи со истечен рок
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?