Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Прво македонско овчарско куче “Караман ” признато на светско ниво
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Прво македонско овчарско куче “Караман ” признато на светско ниво
Агровести

Прво македонско овчарско куче “Караман ” признато на светско ниво

Објавено 05/03/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателката на Република Северна Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, се сретна со претседателот на Кинолошкиот клуб „Македонско овчарско куче Караман“, Илија Каров, по повод условното впишување на расата Караман во регистрите на Светската кинолошка федерација. Со ова, Караман стана дел од семејството на над 380 признати раси кучиња во светот.

Претседателот на Кинолошкиот клуб истакна дека Караман не е само ново име во меѓународните регистри, туку симбол на истрајноста, љубовта и визијата кои повеќе од две и пол децении беа вложувани во афирмацијата на расата.

Благодарност до г. Каров и до сите одгледувачи и поддржувачи кои посветено работеа на зачувувањето и признавањето на ова автохтоно македонско овчарско куче, објави на Фејсбук претседателката Сиљановска-Давкова.

Караман станува првото признато македонско овчарско куче со самостојно национално потекло, со што, дополнително се потврдува државата како земја со богато и автентично кинолошко наследство.

Караманката во мојот дом секојдневно потврдува дека станува збор за куче со изразен заштитнички инстинкт кон домот и семејството а меѓународното признание е поттик за понатамошна грижа и поддршка во насока на трајно меѓународно признавање на расата, напиша претседателката Сиљановска-Давкова.

Може да ви се допадне

ОД ШТАЛА ДО РУРАЛЕН ТУРИЗАМ: Како словенечката фарма „Фирбас“ стана европски хит
Европски модел кој инспирира: Како задругата „Мелинда“ во Италија ги спаси семејните фарми
Лекција од соседите: Како српските пчелари САМИ ГО РЕШИЈА ПРОБЛЕМОТ СО ПЛАСМАНОТ на медот
Крадци во Италија украле 30.000 шишиња вино вредни пет милиони евра, луѓето плачеле во винаријата
Предлог: До 50.000 евра за предавање на фарма на млад земјоделец
Таг:КараманМакедонскоОвчарско кучеПризнатоСветско ниво
Претходен напис Вегетацијата започна, пупките се будат: Ситуацијата не е лоша?
Следен напис Сончево со мала до умерена локална облачност и температура до 19 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?