Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Првиот македонски џин направен од дива смрека од Галичица – Неспоредлив вкус даваат овие бобинки во споредба со вкусот од бобинките кои доаѓаат од големите индустриски фарми на смрека
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Првиот македонски џин направен од дива смрека од Галичица – Неспоредлив вкус даваат овие бобинки во споредба со вкусот од бобинките кои доаѓаат од големите индустриски фарми на смрека
Магазин

Првиот македонски џин направен од дива смрека од Галичица – Неспоредлив вкус даваат овие бобинки во споредба со вкусот од бобинките кои доаѓаат од големите индустриски фарми на смрека

Објавено 26/01/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Џинот е популарен алкохолен пијалок кој својот специфичен вкус го добива од бобинки од смрека. Првично направен како медицински пијалак од монасите и алхемичарите во јужна Франција, Фландрија и Холандија, денес е популарен пијалaк со голем број варијанти и производители. Она што малкумина го знаат е дека смреката од Галичица е искористена во производството на првиот македонски џин! „Виновникот“ за ова е Иван Скендеровски, кој за Иновативност раскажа како настана првиот македонски џин.

„SMIDGIN е македонски крафт џин направен по традиционалната London Dry технологија. Во неговото производство покрај смреката и планински чај од Галичица учествуваат и 12 други билки од различни делови од Македонија. Од самиот почеток рековме дека за квалитетот ќе бидеме најстроги, па некои од поегзотичните билки кои вообичаено се неизоставен дел на секој добар џин како биберот, семки од коријанедер и кората од циметово дрво ги купувавме директно од Индија и Шри Ланка. Од таму доаѓаат најквалитетните билки од овој вид.

May be an image of 1 person and outdoors
Фото/Facebook

Идејата беше да направиме крафт џин кој што ќе биде во самиот врв на она што значи квалитет за овој тип на пијалок, но со препознатлив локален печат. И мислам дека го постигнавме тоа.“, раскажува Скендеровски како дошле до идеја да го направат првиот македонски џин.

„Почнавме да истражуваме и дознавме дека не само што ја имаме една од најдобрите смреки, туку голем број на познати светски брендови ја користат нашата смрека за нивните џинови. И така падна финалната одлука да почнеме со производство“, вели Иван и открива како паднала одлуката за „џинотеката“ да биде сместена во центарот на Скопје.

Фото/Facebook

„Од самиот почеток фокусот ни беше на мала крафт џинотека. Голем број на светски познати крафт производители на џин се наоѓаат на уникатни локации, најчесто во центарот на градот, каде привлекуваат посетители и се дел од имиџот на компанијата. Затоа решивме нашиот џин да го произведуваме на уникатна локација во центарот на Скопје, во сутеренот на МЦМ-историската куќа на фамилијата Рубен, во Дебар Маало.“

После посета на голем број дестилерии и дегустации во Англија и Шкотска, заедно со нашиот мастер дестилер Милица Плетварска го креиравме рецептот на SMIDGIN.

Фото/Inovativnost.mk

Во однос на уникатноста на македонскиот џин, по што се разликува од другите веќе етаблирани брендови, Иван објаснува дека неспоредлив е вкусот што го даваат овие бобинки со вкусот што се добива од бобинките кои доаѓаат од големите индустриски фарми на смрека

„SMIDGIN има уникатен вкус кој произлегува од свежата рачно набрана смрека, која отстапува од стандардните суви смреки кои се продаваат на пазарот. Нашите бобинки ги собираме од смреки кои растат диво, во својата природна средина, на планините. Неспоредлив е вкусот што го даваат овие бобинки со вкусот што се добива од бобинките кои доаѓаат од големите индустриски фарми на смрека. Многу посвеж, поинтензивен и неспоредливо многу побогат со есенцијлни масла. Планинскиот чај извонредно ја надополнува оваа свежина и заедно со аромите и вкусовите на останатите цитрусни и егзотични растенија, џинот добива навистина посебен карактер. Амбалажата и форматот на шишето се уникатни, а пакувањето е од материјали кои се рециклираат и не ја загадуваат околината.“

Фото/Facebook

SMIDGIN беше пласиран на кон крајот на декември 2021 и може да се купи onlinе преку веб страницата www.smidgin.mk, со избор да се подигне од дестилерија или достава до адреса. Исто така може да се купи и во најголем дел од специјализираните продавници за пијалоци. Во моментов се работи и на дистрибуција по баровите така да веќе од следната недела ќе може да се ужива и таму.

Целото интервју можете да го прочитате на ИНОВАТИВНОСТ.МК.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:SMIDGINsmithginгаличицасмрекаџин
Претходен напис Во Европа 949 живинарски фарми се заразени со птичји грип
Следен напис Наредните денови раст на температурите, во сабота северен ветер и снег во западните делови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?