Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Први во регионот ќе ги исполниме задачите за ЕУ роаминг – најави Андоновски
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Први во регионот ќе ги исполниме задачите за ЕУ роаминг – најави Андоновски
Агровести

Први во регионот ќе ги исполниме задачите за ЕУ роаминг – најави Андоновски

Објавено 03/04/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Македонија ќе биде првата земја во регионот која ќе ги исполни обврските за укинување на дополнителните трошоци за роаминг во ЕУ, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. 

Во гостување во емисијата Клик Плус на ТВ21, тој објасни дека граѓаните нема да плаќаат дополнително за повици, пораки и интернет додека патуваат во земјите од Европската Унија.

– За роамингот ветив – ќе бидеме прва држава која ќе ги исполни задачите. Тоа значи нема да плаќате дополнително кога сте во ЕУ. Балканскиот модел на роаминг сакаме да го пресликаме и за ЕУ. Ние ја завршивме својата работа, го испративме текстот до ЕУ за мислење и ќе го изгласаме во Собранието, изјави Андоновски.

Министерот додаде дека пред две недели добиле нови прашања од Европската Унија, но дека планот останува непроменет и земјата е подготвена да ја финализира законската регулатива за укинување на роаминг трошоците.

Во контекст на ЕУ интеграцијата, пак, Андоновски истакна дека државата не се откажува од европскиот пат, но нагласи дека секој следен чекор мора да биде проследен со јасни гаранции.

Посочи дека земјава активно работи на реформите и ги исполнува обврските кои ѝ се поставени.

– Не би можел да кажам дека се откажуваме од ЕУ, колкав напредок имаме направено дома во врска со реформите, можам да кажам дека ги исполнуваме задачите кои ни се дадени како државата. Нашиот став е принципиелен и се држиме дека било каква промена и чекор од македонска страна ќе мора да биде со гаранција. Немаме отпочнато преговори, не отвораме кластери, а од нас цело време се бараат некои отстапки, на штета на македонските национални интереси, изјави Андоновски.

МИА

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:ЕУ роамингзадачитеПрвирегионот
Претходен напис Повторно раст на цените на нафтата
Следен напис На Попова Шапка 77 сантиметри снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?