Според моменталните анализи, првата половина на декември месец 2020 ќе помине во знакот на натрпосечно високи температури на воздухот, односно истите ќе бидат повисоки од нормалните за 4 до 5 степени па така истите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 16 степени во југоисточните предели од државава, сепак ќе има денови кога истите ќе бидат и пониски.
Што се однесува до врнежите, истите ќе бидат над просекот, односно ќе имаме серија на влажни воздушни бранови кој повремено ќе условуваат поинтензивни врнежи од дожд, а снег ќе паѓа само на повисоките планини со надморска височина од над 1500 метри.
Најинтензивни врнежи се очекуваат во западните и во југоисточните предели, локално и во источните предели каде на некои места се очекува да наврнат и повеќе од 60 л/м2 воден талог, во западните предели локално и над 90 л/м2 воден талог што значи полека но сигурно на долгниот сушен период му доаѓа крајот.
НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека се работи за подолгорочна анализа на времето, промени во истата се можни понатаму.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Напишете коментар