Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Прв состанок на Основачкиот одбор на Канадско – македонската Стопанска комора
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Прв состанок на Основачкиот одбор на Канадско – македонската Стопанска комора
Агровести

Прв состанок на Основачкиот одбор на Канадско – македонската Стопанска комора

Објавено 23/03/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со цел организирано економско поврзување и заеднички настап на македонската диспора, во Торонто беше одржан првиот состанок на Основачкиот одбор на Канадско – македонската Стопанска комора, иницијатива која има амбиција да стане централна точка на македонскиот бизнис живот во Канада.

Во состав на Основачкиот одбор се Милосов Лукароски, Теа Пешева, Диана Индовски, Иван Лукароски и Кирил Колемишевски, кои со овој чекор ја отвораат вратата за нова фаза на економско организирање на Македонците во Канада.

На состанокот беа поставени темелите на идното дејствување на Комората, со јасен фокус на поддршка на македонските претприемачи, професионалци и компании, како и на создавање силна и поврзана бизнис заедница која ќе може да настапува координирано, стратешки и заеднички, соопшти Основачкиот одбор на Канадско – македонската Стопанска комора.

Преку ваквиот пристап, Комората има намера да ги зајакне деловните односи внатре во македонската заедница во Канада, но и да отвори поширок простор за трговија, инвестиции и соработка меѓу Канада и Македонија.

Во својата поставеност, Комората се позиционира како платформа која ќе го поттикнува претприемништвото, ќе создава услови за професионален развој и ќе гради конкретни мостови меѓу македонските бизниси од двете страни на Атлантикот. Намерата е да се изгради стабилна економска мрежа која нема да биде само симболична, туку ќе произведува реални резултати преку партнерства, инвестиции и размена на знаење и искуства.

Основачкиот одбор ја нагласи својата определба оваа иницијатива да прерасне во силен двигател на економско поврзување, со јасна ориентација кон долгорочен раст, зајакнување на македонскиот бизнис идентитет во Канада и продлабочување на економските врски со Македонија.

Со овој прв состанок, Канадско-македонската Стопанска комора практично го означи почетокот на една нова организациска и економска енергија во дијаспората, со потенцијал да создаде видливи и трајни резултати за македонската заедница.

Канадско-македонската Стопанска комора е отворена за членство и соработка со сите заинтересирани субјекти, како од Канада, така и од Македонија, вклучително компании, претприемачи и професионалци кои препознаваат вредност во градењето силни деловни врски, размена на знаење и заеднички економски развој меѓу двете земји.

Канадско-македонската Стопанска комора 

Може да ви се допадне

Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Се чека со часови за влез во Грција. Километарски колони и покрај седум ленти
Германските земјоделци предупредуваат на можен недостиг на ѓубрива поради кризата на Блискиот Исток
ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
Таг:Канадско - македонскатаОсновачкиот одборПрв состанокСтопанска комора
Претходен напис Без вода дел од Центар и висока зона Пржино
Следен напис Мицкоски: Владата донесе одлука за намалување на ДДВ за горивата од 18 на 10 отсто, се спречува енормниот скок
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?