Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Прв базар на мали еколошки бизниси
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Прв базар на мали еколошки бизниси
Магазин

Прв базар на мали еколошки бизниси

Објавено 21/10/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во организација на Здружението за еколошка едукација и одржливо живеење „Yes for Less“ и „Јуроп хаус“ Скопје, денеска во „Бистро Комедија“ ќе се одржи првиот базар на мали еколошки бизниси.

Целта на настанот е запознавање со овие бизниси кои секојдневно придонесуваат кон одржливиот развој на државата, промоција на еколошките алтернативи што се нудат во замена за стандардните производи кои секојдневно се користат и подигнување на еколошката свест и позитивното влијание што овие бизниси го имаат.

-Ова не е само обичен базар, туку и можност за дружба и запознавање со еко заедницата која, освен поединци, вклучува и над 30 бизниси, од кои 20-тина ќе бидат присутни на базарот. Биоразградливи хулахопки, накит од рециклирана пластика, облека од втора рака и природни материјали, житни цевки за пијалаци, освежувачи за простории од кора од портокал се само дел од македонските иновативни и еколошки производи кои ќе може да ги најдете на базарот, велат од Здружението за еколошка едукација и одржливо живеење „Yes for Less“ – Скопје.

Освен базарот, за сопствениците на бизнисите ќе биде одржана и работилница на тема „Еколошки бизниси: комуникација и пристап до потрошувачите”.  Предавач и водич ќе биде Игор Мишевски – претприемач, инвеститор, експерт за развој на пазарни системи и основач на Импакт Фондација, а целта на работилницата е сопствениците да ги подобрат продажните вештини со што би можеле да допрат до што повеќе луѓе.

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:базареколошки бизниси
Претходен напис Сончево и топло, температура до 29 степени
Следен напис Седум факти за масиновото масло што треба да ги знаат сите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?