Во примероците на т.н чоколади од Дубаи, увезени во Германија, пронајдени се многу штетни состојки, соопшти во четвртокот Министерството за потрошувачка на сојузната покраина Баден-Виртемберг. „Од случаи на измама па до штета по здравјето, во првите тестови на увезената дубаи чоколада е пронајдено речиси сè“, изјави министерот за заштита на потрошувачите на Баден-Виртемберг Петер Хаук.
Во сите осум тестови испитани од провинциската канцеларија за хемиски и ветеринарни истражувања, пронајдени се загадувачи, алергени, вештачки бои и масти, освен путерот од какао, единствената дозволена маст во чоколадото, пренесува Report.
„Поради малиот број примероци, не можеме да зборуваме за тренд, но наодите се многу загрижувачки и не поттикнаа да спроведеме пообемни испитувања“, рече Хаук.
Испитуваните Дубаи чоколади се производи увезени од Обединетите Арапски Емирати и Турција. Во некои чоколади е пронајден сусам, иако не бил наведен на амбалажата, а во некои и палмино масло, кое исто така не било декларирано како состојка во чоколадото. Според анализата, чоколадата од Обединетите Арапски Емирати била контаминирани во текот на процесот на производство до таа мера што е непогодна за човечка исхрана. Во сите чоколади е пронајдено зголемено количество на вештачки бои, што „сугерира поголема пропорција на квалитетни состојки од реалните“, т.е. крем од ф’стаци.
Чоколадото од Дубаи е голем хит во Германија во последните месеци и е еден од најпопуларните прехранбени производи на божиќните пазари. (24sata.info)