Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Промовирана веб-страница за правна помош – Маричиќ ги охрабри граѓаните да побараат бесплатна правна помош
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Промовирана веб-страница за правна помош – Маричиќ ги охрабри граѓаните да побараат бесплатна правна помош
Агровести

Промовирана веб-страница за правна помош – Маричиќ ги охрабри граѓаните да побараат бесплатна правна помош

Објавено 26/10/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во организација на Советот на Европа и Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија денеска се одржа официјална онлајн-промоција на веб-страницата www.pravnapomos.mk, преку која граѓаните може да се информираат за правото кое државата им го дава во вид на Бесплатна правна помош.

Министерот за правда Бојан Маричиќ во своето обраќање истакна дека правниот јазик е често нејасен за голем број на граѓани кои се соочуваат со потешкотии да ги остварат своите законски загарантирани права, но и дека сиромашните граѓани не можат да ги покријат трошоците во судовите за да решат некој спор од правна природа.

Со вакви проблеми, најчесто се соочуваат сиромашните граѓани и припадниците на различни категории на маргинализирани заедници, како Ромите, самохраните родители, жртвите на семејно насилство и лицата со попреченост.

Маричиќ истакна дека преку системот за Бесплатна правна помош, се гарантира дека граѓаните кои се во тешка финансиска состојба можат да се обратат до Министерството за правда, до неговите подрачни единици и граѓанските организации и да побараат да им се даде правна помош или да им се обезбеди адвокат кој ќе биде платен од буџетот на Министерството.

-Со подобрувањето на пристапот до правда, односно преку информирање и помош за граѓаните како да ги остварат своите права или пак со обезбедување на адвокат од буџетот на државата – ние се бориме со нееднаквоста во општеството и им покажуваме на граѓаните дека се грижиме за нив. Правната помош постои за да им го подобриме животот на граѓаните кои се на маргините на општеството. Правната помош значи дека без разлика на социјалниот статус – граѓаните ќе бидат еднакви пред судот и дека законот важи еднакво за сите, рече Маричиќ.

Министерот за правда ги охрабри граѓаните да ја посетат веб страницата www.pravnapomos.mk и да побараат бесплатна правна помош.

Маричиќ истакна и дека во текот на утрешниот ден се очекува и огромно намалување на максималната судска такса, која досега беше 48.000 денари, доколку Собранието го изгласа овој предлог. Сега таа ќе се намали за осум пати и ќе изнесува најмногу 6.000 денари. Со ова, судските трошоци за граѓаните ќе бидат значително намалени, со што правдата ќе стане подостапна за нив.

Овој настан беше организиран во рамките на програмата „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција II“ – заеднична иницијатива кофинансирана од Европската Унија и Советот на Европа, имплементирана од Советот на Европа, која што има за цел да им помага на корисниците од Југоисточна Европа, да ги применуваат стандардите на Советот на Европа и на Европската Унија, во рамките на претпристапниот процес.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бесплатна правна помошвеб-странаМаричиќправна помош
Претходен напис (Видео) Заев за новата рамка за соработка со ООН: Имаме стратешки документ за изградба на едно просперитетно и инклузивно општество
Следен напис АХВ ги чека резултатите од мострите од угинатите риби од неколку рибници на Тиквешко Езеро
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?