Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Промотивно видео за Преспа, Брајчино и Битола во рамки на кампањата „Дома си е дома“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Промотивно видео за Преспа, Брајчино и Битола во рамки на кампањата „Дома си е дома“
АгропрогнозаМагазин

Промотивно видео за Преспа, Брајчино и Битола во рамки на кампањата „Дома си е дома“

Објавено 23/07/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Преспанската област се одликува со многу сончеви денови, а крајбрежјето на Преспанско Езеро има неколку убави песочни плажи. Постојано сте опкружени со планини со бујна вегетација. Сето тоа заедно со бистрата езерска вода нема да ве остават рамнодуши и постојано ќе ве канат на капење и релаксација. Заокружено со планини од сите страни, Преспанското езеро маѓепсува со својата изворедна убавина и единствениот остров во државата – Голем Град. Додека врвовите на Галичица се покриени со првиот снег, долу во равницата, на брегот на езерото, сè уште има ружи и есенски цвеќиња. Пеликанот како една од најкрупните птици кои егзистираат на вода, главно во потоплите краишта, кај нас го има единствено на двете Преспански Езера (големото и малото).

Никогаш нема да дознаете колку кристално чист, свеж и лесен може да биде воздухот сѐ додека не го посетите многувековното село Брајчино. Околу вас се простира шумата и срамежливиот разнолик животински свет скриен во неа. Од недалеку погледот ви го наситува спокојното синило на Преспанското Езеро. Вдишувате и ги полните градите со опојниот мирис на шумските плодови, ја запознавате прекрасната околина преку пешачките, планинските и велосипедските патеки. Од самото село водат неколку обележани планинарски патеки.  Низ густата букова, дабова и ореова шума богата со извори патеките водат кон врвот Пелистер (3 часа) и Големото Езеро од Пелистерски Очи (6 часа). Продолжуваат до планинарските домови Неолица и Копанки и селото Нижеполе во Битолско, кои се обележани со патоказни табли и планинарско обележување (маркација).

Битола – административен, културен, економски, индустриски, образовен и научен центар на југозападниот дел од земјата. Градот е познат и како „град на конзулите”, бидејќи тука се наоѓале конзуларните претставништва на европските земји во времето на Отоманската Империја, каде заедно со Солун бил најважно место во европскиот дел на Империјата. Првиот, а и наредните конзулати се отворени на Широк Сокак, што и ден-денес претставува срцето на градот. Тој прв конзулски период бил инспирација за бројни песни на конзулите, за пајтоните, за клавирите, за прочуената чкембе чорба, за Влашкото маало и жолтите куќи, за љубовта.

Во близина на Битола е и Хераклеја Линкестис, еден од најпознатите македонски антички градови. Основан е во средината на IV век пред нашата ера од страна на Филип II Македонски. Во Хераклеја се откриени портико со почесни споменици, мала и голема базилика, римска бања, театар, градска чешма на Јустинијан од VI век, епископска резиденција. Денес таа е значајно археолошко наоѓалиште, но и место за културни манифестации.

Погледнете го видеото и дозволете вашата љубопитност да се разбуди и да ве води низ оваа дестинација.

Серијалот од 10 видеа за промоција на домашниот туризам е изготвен во рамки на кампањата „Дома си е дома“. Видеата се изработени со финансиска поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка, преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), во соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Извор: IME

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Чорба од црвен грав
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Таг:битолаБрајчинодома си е домакампањапреспаПреспанско езероПромотивно видео
Претходен напис Подрачните единици на МЗШВ ќе работат и викендов за поднесување барања за субвенции
Следен напис Илиевски: ПЕ Битола, Могила и Новаци ќе работат и за време на викенд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?