Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Промоција на македонски вина и вински туризам утре во Тирана
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Промоција на македонски вина и вински туризам утре во Тирана
Агровести

Промоција на македонски вина и вински туризам утре во Тирана

Последна измена: 26/04/2025 19:27
Сподели
1 мин. за читање
Сподели

Во рамки на манифестацијата „Недела на македонската култура” утре во Тирана ќе се одржи „Промоција на македонски вина и вински туризам”.

Овој настан требаше да се одржи денеска, но беше одложен, бидејќи во Албанија е Ден на национална жалост, во знак на почит кон починатиот Папа Франциск.

На утрешната промоција 12 познати македонски винарии ќе ги изложат своите вина, а ќе ги презентираат можностите за вински туризам.

Промоцијата ќе почне во 14 часот во познатата „Пирамида“, значајно културно обележје во центарот на Тирана, со интонирање на македонската химна, додека дополнително настанот ќе биде збогатен со настап на фолклорна група од Пустец, чии членови во традиционални македонски носии, ќе изведат повеќе македонски песни и ора. 

Пред овој значаен настан денеска во просториите на македонската амбасада во Тирана, вршителот на должноста амбасадор, Љуфтим Спахиу оствари средба со претставниците на македонски винарии, на која заедно размениле искуства, идеи и визии за промоција, на нивните производи со искреност и надеж за уште побогата винска иднина.

Неделата на македонската култура, која за првпат се одржува во Тирана свечено беше отворена на 23, а завршува на 30 април. 

МИА

Може да ви се допадне

Министерство за земјоделство на Србија: Зголемен надзор над прометот на храна од животинско потекло
Во Црна Гора регистриран сомнителен случај на бруцелоза кај овци
Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат
Започнува изработката на Студијата за валоризација на природните вредности на масивот Јабланица
Македонија четири пати под стандардот на ЕУ – со ова темпо ќе бидеме „европски“ граѓани за 70 години
Таг:вински туризаммакедонски винапромоцијаТирана
Претходен напис Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи
Следен напис Променливо облачно со сончеви периоди
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?