Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Прометот во индустријата во март на годишно ниво намален за 10 отсто
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Прометот во индустријата во март на годишно ниво намален за 10 отсто
Агровести

Прометот во индустријата во март на годишно ниво намален за 10 отсто

Објавено 15/05/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вкупниот промет во индустријата во март годинава во однос на истиот месец лани е намален за 10 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во март 2024 година, во однос на март 2023 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9.2 %, Капитални производи за 12.7 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 8.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.3 %.

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во март 2024 година, во однос на февруари 2024 година, изнесува 105.9, додека во периодот јануари – март 2024 година, во однос на периодот јануари – март 2023 година, изнесува 90.9.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во март 2024, во однос на март 2023 година, е намален за 3.4 %. Според главните индустриски групи, се бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2.9 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 18.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.2 %, додека пораст бележи кај Капитални производи за 19.2 %.

Во март годинава во споредба со февруар, прометот во индустријата на домашниот пазар бележи раст од 9.6 %, додека во периодот јануари – март 2024, во однос на периодот јануари – март 2023 година, има намалување од 0.4 %.

На странските пазари, пак, во март година во однос на март лани се евидентиран пад на прометот во индустријата за 11.5 %. Според главните индустриски групи, се бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 10.5 %, Капитални производи за 13.7 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за
5.4 %.

Прометот во индустријата на странските пазари, во март 2024 година, во однос на февруари 2024 година, е зголемен за 5.1 %, додека во периодот јануари – март 2024 година, во однос на периодот јануари – март 2023 година, има пад од 11.6%.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:10 отстоиндустријатамартнамаленнивопрометот
Претходен напис Дигитално земјоделство – нова програма на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје
Следен напис За 216,2 отсто зголемени откупот и продажбата на земјоделски производи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?