Времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните делови од утрото со повремен дожд. Во текот на денот врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјата – ќе бидат пообилни во западните и во северозападните делови, а ќе продолжат и преку ноќта.
Ќе дува засилен до силен јужен ветер, наместа над 70 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, од пладневните часови со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и преку ноќта. Ќе дува повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 16 степени.
Според прогнозата на УХМР, од денеска до сабота под влијание на влажни воздушни бранови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.
-Во текот на ноќта кон четврток ќе има пообилни врнежи од дожд, а во петок и до сабота во пладневните часови врнежите повторно ќе бидат пообилни (и над 25 литри на квадратен метар) и ќе преминат во снег понекаде и на пониските места. На планините и на повисоките места во западните и северните делови ќе се формира снежна покривка. До сабота ќе дува засилен до силен ветер, и над 70 километри на час, соопшти УХМР.
МИА