Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено. Наутро на југоистокот се уште ќе има локални врнежи од снег.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 1 до 6 степени.
Во Скопје претежно облачно и студено со умерен до засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 6 степени.
Според информациите од УХМР и во наредните денови се очекува облачно и студено време, но со умерен до засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието.
