Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Променето нивото на дозволени остатоци од никотин во чаевите и зачините во ЕУ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Променето нивото на дозволени остатоци од никотин во чаевите и зачините во ЕУ
Агровести

Променето нивото на дозволени остатоци од никотин во чаевите и зачините во ЕУ

Објавено 26/07/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европската Унија на предлог на Еврокомисијата усвои Регулатива за измена и дополнувања на правилата за максималните дозволени нивоа на остатоци од никотин во одредени производи, како чаеви, зачини и цимет.

Станува збор за измени на Регулативата за максималните нивоа на остатоци на пестициди во храната и добиточната храна од растително и животинско потекло, во делот кој се однесува на максималните нивоа на остатоци (МНО) на никотин.

Со измените се предвидува од 22 февруари 2026 година максималните нивоа на остатоци на никотин во чаевите од досегашните 0,5 да се намали на 0,4 милиграми на килограм.

Ваквото решение се базира на нови информации од Ирска дека сегашното дозволено ниво на никотин во чаевите „не ја одразува точно изложеноста на ирските деца и довело до преценување на ризикот“.

Кај зачините од семиња и овошје, пак, досегашното ниво од 0,02 милиграми на килограм се зголемува на 0,05, врз основа на нови информации од референтните лаборатории на Европската унија, кои оценуваат дека максималното ниво на остатоци од 0,05 милиграми на килограм „може да биде посоодветно за зачините“.

Во случај на циметот, каде дозволеното максимално ниво на остатоци изнесуваше 0,07 милиграми на килограм, сега тоа се зголемува на 0,2 милиграми на килограм.

Оваа одлука е донесена врз основа на специфични податоци што неодамна биле доставени до Комисијата, кои укажуваат дека во кората, коренот, пупките и цветовите на циметот може да се појават остатоци на никотин на многу повисоки нивоа од оние утврдени со Регулативата на ЕУ.

Измените и дополнувањата на Регулатива, усвоени вчера, се објавени во денешното издание на Службениот весник на ЕУ, со што официјално стапуваат во сила.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:зачининикотинчаеви
Претходен напис Изминатово деноноќие неколку пожари во Кумановско
Следен напис Нивото на Дојранското Езеро пониско за два, а на Преспанското за еден сантиметар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?