Производството на спанаќ во затворен простор најчесто се прави во зимскиот период. Спанаќот доаѓа на второ место во плодоредот или како предкултура за пролетно производство. После сите извршени есенски агротехнички мерки, орање, фрезирање и т. н се врши рамнење на површините и сеидба на спанаќот.
Рамнењето на површината е многу важно при садење на спанаќот. Рамната површина овозможува сеидба на иста длабочина која подоцна се гледа во изедначеното никнување на растенијата. Тоа овозможува рамномерна употреба на заштита, прихрана и овозможува еднаков принос на растенијата. Исто така, на рамна површина подобро се поставува и одржува заштитниот филц после употребата на хербициди.
Сеењето на спанаќот може да се изведува на повеќе начини: со рачно сеење или со помош на пневматска модерна сеалка. Сеидбата во пластеник најдобро е да се направи со рачна сеалка. Причината за тоа е што овој начин на садење се овозможува обработка на почвата меѓу редовите кај оние земјоделските производители кои не употребуваат заштита против корови после сеидбата.

Сеењето со рачна сеалка се изведува во редови, а растојанието помеѓу редовите зависи од начинот на одгледување и хибридите. Меѓуредовото растојание се движи од 10 до 25 см, додека растојанието зависи од големината на семето и конструкцијата на рачната сеалка. Рачната сеалка е конструирана за слободен пад на семето така да не е во можност прецизно да го распореди семето. Важно е за време на сеењето да се одржува истото меѓуредово растојание за да се подобри циркулацијата на воздухот и аерацијата на земјиштето. Длабочината на садењето е од 2 до 3 см. Овде е многу важно, веќе спомнатото, рамнење на земјиштето. На рамно земјиште имаме иста длабочина на сеење, а после и никнување на растенијата. После завршената сеидба се врши наводнување со помала норма на пример 8-12 литри по метар квадратен. После завршената сеидба се врши наводнување со помала норма на пример 8-12 литри по метар квадратен.
После наводнувањето доаѓа до дополнително рамнење и повлекување на земјиштето и се создава површина каде дејството на хербицидите е максимално. Исто така, причина за помала норма е тоа што семето се наоѓа плитко во земјиштето.
После првото наводнување се врши примена на хербициди на база s – metolaklor кој работи на принцип запирање на никнувањето на тесно лисни и помал број широколисни едногодишни корови. Планот на заштита зависи од самите услвои во пластеникот и избраниот хибрид.
Потребно е следење на состојбата на растенијата и по потреба превентивно да се третираат. Иако се работи за зимско производство на зеленчук проветрувањето на пластеникот е задолжително. Со проветрувањето се регулира влажноста на воздухот која во комбинација со покачена температура создава идеални услови за развој на болести.
Извор: pssrs.net
