Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Производителите на цвеќе приморани да ја уништуваат пролетната реколта
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Производителите на цвеќе приморани да ја уништуваат пролетната реколта
Растително производство

Производителите на цвеќе приморани да ја уништуваат пролетната реколта

Последна измена: 31/03/2020 11:53
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Здружението на  производители на сезонско саксиско цвеќе, режано цвеќе и саден материјал ќе ја уништи пролетно-летната реколта, бидејќи не може да го пласираат и продаваат произведеното цвеќе. Тие бараат од владата да преземе мерки со кои ќе им помогне да опстанат и во оваа криза бидејќи поради ширењето на коронавирусот и мерките кои се на сила и граѓаните не можат да дојдат до нивните производи.

– Се соочуваме со финансиска катастрофа и со опасност од целосен колапс. Принудени сме да отпочнеме со уништување на пролет-лето реколтата, бидејќи не постои опција да пласираме и да продаваме цвеќе – велат од Здружението.

Оваа алтернативна земјоделска гранка, велат од Здружението, брои десетици компании, стотици вработени, огромни вложувања во опрема и инфраструктура, се развива континуирано од осамостојувањето на државата, а во споредба со другите земјоделски гранки изложена е и на највисоки оданочувања.

Од здружението апелираат граѓаните и оваа сезона да продолжат да купуваат цвеќе.

– Тоа е исклучително важно во оваа криза, бидејќи секој купен производ е значаен придонес и директна поддршка на земјоделците од оваа гранка – велат од Здружението.

Тие упатија и писмо до Министерството за шумарство, водостопанство и земјоделство, во кое велат дека се директно оштетени во екот на продажбата.

-Почитуван ве замолуваме  ургентно  да  постапите  по нашето известување – Барање поради настанатата  состојба. Бидејки ситуацијата од  ден на ден се влошува ние како производители сме приморни нашето  сезонско цвеке да го уништиме ( фрлиме ) . Во кратка напомена ве  известуваме дека стотици  вработени ке бидаат напуштени од  работа  и фирмите  ке  ставаат клуч на врата, истакнуваат во писмото.

Очекуваат, како што пишува во писмото, Министерството веднаш  да реагира и да ја извести Владата но и да  се заложи за оваа гранкаа која и се загрозува опстанокот, по примерот во другите сектори што побрзо да излезе со сет мерки.

Поднесители на барањето

1 ГАРДЕН ЦЕНТАР МАРИЈА БЛУМЕН  СТРУМИЦА

2 ХОРТИ ЕКСПЕРТ МИЦЕВСКИ с.БАНСКО

3 ЦВЕТ РАСАДНИК с. ЗУБОВО

4 ЏИМ ГАРДЕН КОМПАНИ с. САЧЕВО

5 ЦВЕТНИ ДВОРОВИ с.КОЛЕШИНО

6 ФЛОКС АН ПЛУС СТРУМИЦА

7 ГРАДИНА-ЦВЕТ с. ВЛАДЕВЦИ

8 КИТКА И.З. с.ДРАЧЕВО – СКОПЈЕ

9 РАСАДНИК АНГЕЛ с.ИНЏИКОВО – СКОПЈЕ

10 ГРАНДЕ ФЛОРА  с.ПЕТРОВЕЦ – СКОПЈЕ

11 АГРО ЦВЕТ – МИЛА И.З. с.УСЈЕ – СКОПЈЕ

12 СУПЕР ГАРДЕН ПРОФИ с.БАРДОВЦИ – СКОПЈЕ

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Трипуновски: Со откупувачите на младиот компир се постигна договор во корист на земјоделците
Заменик министерот за земјоделство, Флакрон Беџети си поднесе оставка
Најмногу дожд наврна во Скопје
До 1000 евра за килограм: Дивиот „зеленчук“ кој расте како луд во Србија се повеќе се бара кај гурманите
Трипуновски: Новосадскиот саем е одлична можност за македонските земјоделци да ги претстават своите производи
Таг:zemjodelstvoземјоделцимзшвСкопјецвеќарство
Претходен напис ЕУ бара земјите членки да ги отворат границите за клучните професии
Следен напис Страв од недостиг на храна: Пченицата со зголемена цена на светските пазари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?