Владата ја донесе Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година.
Програмата е објавена во Службен весник бр.26 од 6.02.2025 година.
I
Средствата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година во вкупен износ од 6.271.000.000,00 денари, обезбедени согласно Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.254/24) раздел 140.04, програма 2, потпрограма 20, ставка 464-разни трансфери ќе се користат според след ните мерки:

II
Средствата од дел I мерка 1 од оваа програма наменети за директни плаќања за растително производство во износ од 2.500.000.000,00 денари ќе се користат според следните подмерки:


III
Средствата од дел I мерка 2 од оваа програма наменети за директни плаќања за сточарско производство во износ од 500.000.000,00 денари ќе се користат според следните подмерки:


IV
Средствата од дел I мерка 3 од оваа програма во износ од 1.000.000,00 денари за помош во премии и осигурување ќе се користат согласно член 98 од Законот за земјоделство и рурален развој со максимален износ на поддршка од 150.000,00 денари по земјоделско стопанство.
Помошта од ставот 1 на овој дел се доделува за премии и осигурување склучени од 1 август 2024 година до 31 јули 2025 година.
V
Средствата од дел I мерка 4 од оваа програма во износ од 1.000,00 денари ќе се користат за анализа на физичките и хемиските својства на почвата на земјоделски стопанства кои имаат извршени агрохемиски или педолошки анализи во 2025 година и тоа 80% од трошоците за анализа без данок на додадена вредност, но не повеќе од 12.000,00 денари по земјоделско стопанство.
VI
Средствата од дел I мерка 5 од оваа програма во износ од 1.000,00 денари за помош за одделни категории носители на земјоделско стопанство ќе се користат согласно член 102 од Законот за земјоделство и рурален развој како дополнителна помош која се доделува на земјоделски стопанства корисници на директните плаќања.
Дополнителната помош се доделува на следните категории носители на земјоделски стопанства:
– дополнителна помош од 5% на правно лице регистрирано во Единствениот регистар на земјоделски стопанства како земјоделско стопанство кое е основано од носителот или членот на семејно-земјоделско стопанство со целокупниот земјоделски имот на семејно
– земјоделско стопанство освен објекти за домување или престојување на земјоделски производители;
– дополнителна помош од 10% на млад земјоделец носител на семејно-земјоделско стопанство и
– дополнителна помош од 20% на носител на семејно-земјоделско стопанство кој е регистриран вршител на земјоделска дејност согласно со Законот за вршење земјоделска дејност или е регистриран како индивидуален земјоделец согласно со Законот за пензиското и
инвалидското осигурување.
VII
Дел од средствата од дел I мерка 6 од оваа програма во износ од 20.000.000,00 денари за помош во сточарскиот сектор се наменети за покривање на административни трошоци за воспоставување и одржување на матично книговодство и трошоци за испитувања извршени за утврдување на генетскиот квалитет или приносот во сточарството, согласно член 103 став (2) алинеи 1 и 2 од Законот за земјоделство и рурален развој.
Корисници на помошта за покривање на административни трошоци за воспоставување и одржување на матично книговодство согласно член 103 став (2) алинеја 1 од Законот за земјоделство и рурален развој се признати организации на одгледувачи и признати организации на одгледувачи на хибридни свињи впишани во Регистарот на признати организации на одгледувачи и признати организации на одгледувачи на хибридни свињи кој го води Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Законот за зоотехника (*).
Висината на помошта од став 2 на овој дел изнесува 80,00 денари, без данок на додадена вредност за впишано грло животно во матична книга или впишано грло во Регистарот на хибридни свињи.
Минималниот износ на средства на помошта од став 2 на овој дел по призната организација на одгледувачи или призната организација на одгледувачи на хибридни свињи изнесува 200.000,00 денари, без данок на додаде на вредност.
Корисници на помошта во сточарството наменети за испитувања извршени за утврдување на генетскиот квалитет или приносот во сточарството, согласно член 103 став (2) алинеја 2 од Законот за земјоделство и рурален развој се трети лица впишани во Регистарот на трети лица кој го води Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно Законот за зоотехника
(*) и кои имаат склучено договор со призната организација на одгледувачи или призната организација на одгледувачи на хибридни свињи за спроведување на активности за испитувања на продуктивноста или на генетската вредност на животните или хибридните свињи предвидени во одобрените одгледувачки програми.
Висината на помошта од став 5 на овој дел изнесува: за грло животно од видот говеда впишани во матична книга 5.000,00 денари, без данок на додадена вредност, за грло животно од видовите овци и кози впишани во матична книга 1.400,00 денари, без данок на додадена вредност, за грло животно од видот свињи/хибридни свињи впишани во матична книга или Регистар за хибридни свињи 1.000,00 денари, без данок на додадена вредност.
За реализација на дел I мерка 6 од оваа програма Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објавува отворени јавни повици за поднесување на барања за исплата на финансиска поддршка до 30 септември 2025 година.
VIII
Средствата од дел I мерка 7 од оваа програма во износ од 1.000.000,00 денари се наменети за финансиска поддршка за складирање на пченица, јачмен и ориз од домашно производство од род 2025 година.
Корисници на средствата од дел I мерка 7 од оваа програма се земјоделски стопанства евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства кои имаат пријавена површина со пченица, јачмен и ориз согласно подмерката 1.1. од оваа програма и ја имаат предадено пченицата и јачменот на складиштење кај складиштарите во период од 15 јуни до 1 септември 2025 година, а оризот во период од 15 септември до 15 декември 2025 година, со исклучок на земјоделските стопанства кои складираат за сопствени потреби.
IX
Средствата од дел I мерка 8 од оваа програма во износ од 400.000.000,00 денари ќе се користат согласно член 98-в од Законот за земјоделство и рурален развој за помош за поддршка на трошоците за набавка на гориво за земјоделска механизација за земјоделски стопанства.
Помошта од ставот 1 на овој дел е во висина од 100% од трошоците на земјоделските стопанства за набавка на дизел гориво за земјоделска механизација, но не повеќе од 100.000,00 денари по земјоделско стопанство.
X
Средствата од дел I мерка 9 од оваа програма во износ од 1.000,00 денари ќе се користат согласно член 77 став (8) од Законот за земјоделство и рурален развој за помош за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности за производство (ПОМ).
XI
Дел од средствата од дел I мерка 10 од оваа програма во износ од 17.000.000,00 денари ќе се користат од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за покривање на материјални трошоци за спроведување на оваа програма и тоа за: услуги за печатење на обрасци и информативни материјали и огласи потребни за спроведување на оваа програма, услуги за печатење и достава на известувања до барателите, набавка и услуги за печатење на промотивен и репрезентативен материјал, услуги за уништување на документиран материјал, набавка на примарен и секундарен уред (appliance) со пропратни модули за заштита на мрежата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (огнен ѕид-firewalls), услуги за проверка на трансакциски сметки на корисниците на оваа програма, набавка на гориво и патни трошоци за вршење на контролите на терен, како и трошоци поврзани со одржување на возилата, услуги за изработка, прилагодување и одржување на софтверски решенија за спроведување на оваа програма, услуги од надворешни експерти вклучително и ревизија на оваа програма, услуги за обезбедување на сателитски снимки наменети за контролите на терен, набавка на информатичка и техничка опрема наменета за спроведување на оваа програма, вклучително и опрема потребна за спроведување на контролите на терен.
Дел од средствата од дел I мерка 10 од оваа програма во износ од 3.000.000,00 денари ќе се користат од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за набавка на информатичка и техничка опрема наменета за спроведување на оваа програма.
XII
Средствата од дел I мерка 11 од оваа програма во износ од 2.828.997.000,00 денари ќе се користат за исплата на финансиски средства за заостанати обврски по мерки од Програмите за финансиска поддршка во земјоделството од 2020, 2021, 2022, 2023 и 2024 година.
XIII
Корисници на директни плаќања од дел I мерки 1, 2,3, 4 и 5 од оваа програма се земјоделски стопанства кои ги имаат подмирено сите финансиски обврски согласно член 14-а од Законот за земјоделство и рурален развој.
XIV
Крајниот рок за поднесување на барања за директни плаќања за мерките 1 и 2 од оваа програма е утврден во член 4 точки 1, 2 и 3 од Уредбата за поблиските критериуми за директните плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2025 година (во натамошниот текст: Уредба).
Крајниот рок за поднесување на барања за директни плаќања за мерката 3 од оваа програма е 31 август 2025 година.
Крајниот рок за поднесување на барања за директни плаќања за мерката 4 од оваа програма е 14 јули 2025 година.
Крајниот рок за поднесување на барања за директни плаќања за мерката 5 од оваа програма е утврден во член 4 точки 1, 2, и 3 од Уредбата кои се поднесуваат во исто време со поднесување на барањата за подмерките наведени во член 4 точки 1, 2 и 3 од Уредбата.
Крајниот рок за поднесување на барања за директни плаќања за мерката 6 од оваа програма е 31 октомври 2025 година.
Крајниот рок за поднесување на барања за директни плаќања за мерката 7 од оваа програма за пченица и јачмен е 30 септември 2025 година, а за ориз 25 декември 2025 година.
XV
Директните плаќања и дополнителните директни плаќања од оваа програма ќе се исплаќаат најдоцна до 30 јуни 2026 година.
XVI
Оваа програма влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.