Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Прогласена природна непогода од град и поплави во Делчево
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Прогласена природна непогода од град и поплави во Делчево
Агровести

Прогласена природна непогода од град и поплави во Делчево

Објавено 09/06/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Советот на Општина Делчево на денешната вонредна седница прогласи природна непогода од поплави и град. На седницата беше донесена одлука за формирање Комисија за проценка на штетите, како и заклучок за објавување јавен повик преку кој ќе се информираат граѓаните за постапката за пријавување штети. При процена и утврдување на висината на штетата, како што истакна претседателот на Советот, Гоце Попов, Комисијата ќе ја применува Методологија за процена на штети од природни непогоди и други несреќи.

-Проценетите штети, Комисијата ги евидентира на пропишани обрасци и табели согласно Методологија. Комисијата во својата работа ќе соработува со надлежните државни органи, научно-стручни институции и по потреба ќе ангажираат и стручни лица – експерти од соодветната област по претходно добиена согласност од Градоначалникот на Делчево. Процената и утврдувањето на висината на штетата ги опфаќа видот, обемот и висината на штетата изразена во натура и вредносни показатели, според подрачјето, дејноста, имотот, сопственоста, времето и причината за настанување на штетата – рече Попов.

За својата работа, Комисијата е должна да изработи Извештај за процената на штетите во вид на елаборат согласно Методологија за процена на штети од природни непогоди и други несреќи и го доставуваат до Советот на Општина Делчево на разгледување и усвојување и до Владата на Република Северна Македонија. Ова Решение како што беше додадено на Советот влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен гласник на Општина Делчево “.

Одржувањето на вонредната седница на Советот на Општина Делчево е иницирано од невремето проследено со силни врнежи од дожд и град и поплави на објекти и на инфраструктура коешто го зафати градот Делчево вчера во попладневните часови во периодот од 17:30 до 18:30 часот.

На седницата претставници од сите надлежни институции информираа за преземените мерки и активности во насока на заштита на имотот на граѓаните, но и мерки кои се преземаат за санирање на штетите на индивидуалните и административните објекти од поплавите и од штетите на патната инфраструктура.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:делчево
Претходен напис Експертите препорачуваат: Само со научен пристап до одржливо лозарство отпорно на климатски промени
Следен напис Ковачевски: Со „Винската визија на Отворен Балкан” овозможуваме натамошен раст на винскиот сектор, на извозот, како и на севкупната економија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?