Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Продолжуваат проблемите со поплавите во областа Тесалија, дел од автопатот Солун – Атина останува затворен
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Продолжуваат проблемите со поплавите во областа Тесалија, дел од автопатот Солун – Атина останува затворен
Агровести

Продолжуваат проблемите со поплавите во областа Тесалија, дел од автопатот Солун – Атина останува затворен

Последна измена: 11/09/2023 08:27
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Водата во грчката област Тесалија полека се повлекува, со што се открива и големината на катастрофата предизвикана од поплавите, меѓутоа продолжуваат проблемите за жителите на регионот, додека пак делови од автопатот Солун- Атина и понатаму се затворени за ообраќај во двата правци, јави дописничката на МИА од Атина. 

Паралелно постојат предупредувања за опасност за јавното здравје во поплавените подрачја, а на граѓаните им се препорачува да користат флаширана вода и пакувана храна. 

Портпаролот на противпожарната служба на Грција Јанис Артопиос говорејќи за грчката телевизија Скај утрово рече дека вниманието сега е насочено кон долината на Темпи, затоа што нивото на реката Пиниос се повлекува во Лариса, Трикала и Кардица, но обемот на вода се префрла кон долината.

Невремето „Даниел“ остави зад себе 15 жртви, двајца исчезнати, пар од Австрија, илјадници евакуирани, но и целосно поплавени и уништени села.

Во неколкудневните акции за спасување и евакуирање на жителите заглавени во поплавите над 5.000 лица беа извлечени и пренесени на безбедносни локации.

Од противпожарната служба на Грција соопштија дека заклучно со вчера беа спасени 4.500 лица, додека пак крајбрежната служба, по морски пат од регионот на Пилио во близина на Волос 422 лица.

Во спасувачките акции беа вклучени и припадници на грчката армија. 

МИА

Може да ви се допадне

На почеток на јули – субвенции за МЛЕКО
СТОИЛЕВ СО АПЕЛ ДО ОПШТИНИТЕ: Има интерес и пари за рурален туризам преку ИПАРД, проблем се дозволите за градба
(ВИДЕО) Стоилев: Набрзо ќе има исплати по неколку мерки од програмата за 2024 година, особено во сточарството
Поскапуваат бензините и дизелот
Николовски: Изготвен нов Царински закон
Таг:атиназатворенПоплавитепроблемитеСолунТесалија
Претходен напис Во Скопје терестрична дезинсекција против комарци
Следен напис Во Велес се одржаа Фолклорните смотри на Источниот регион 2023
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?