Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Продолжува „сагата“ на поднесување бизарни претставки до АХВ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Продолжува „сагата“ на поднесување бизарни претставки до АХВ
Агровести

Продолжува „сагата“ на поднесување бизарни претставки до АХВ

Објавено 15/08/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

– Сосед ги храни уличните кучиња и мачки кои се собираат во голем број, а потоа лаат и мјаукаат, гаврани напаѓаат луѓе, квалитетот на лебот не е ист – еден ден е попечен, а друг помалку печен. Ова се само некои од претставките што изминатиот период стигнале до Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). МИА уште минатата година објави дека бизарни и несоодветни претставки, прашања и жалби стигнуваат до АХВ, што, според директорот на Агенцијата, Николче Бабовски, се должи, пред сé, на недоволната информираност на граѓаните за ингеренциите на институциите во државата.

-Соседот ги напасува козите на депонија, е една од „поинтересените“ претставки или пријавата дека неколку дена поради лоша миризба на жители од една населба им смета оџакот на ресторанот и бурекџилницата, вели Бабовски за МИА.

Многу од овие проблеми што ги пријавуваат граѓаните, нагласува директорот, се всушност комунални и за нив се надлежни други институции или општините.

Лани, пензионерка од Скопје пријавила во АХВ дека преку интернет купила машина за везење од странска компанија, ја платила со картичка 50 долари, но наместо тоа, во поштенско сандаче добила коверт со две платнени маски. Некој граѓанин, пак, се пожалил дека му мириса во влез на печено месо и пржени компири, а друг дека јастребот на соседот му ги усмртува гулабите.

-Имаше и претставки од типот „дојдете да го отстраните осилото од дрво во Градски парк зашто се плашиме и не можеме да се релаксираме“ или „бездомните кучиња гласно лаат, не вознемируваат, не можеме да спиеме“, „дали и колку е здрав лебот „Тонус“, како влијае на цревната флора“, „дали јачменот предизвикува алергија“, „лебот што го купив е ‘жив’, не е допечен“…, вели Бабовски.

До АХВ во првите шест месеци од годинава се поднесени вкупно 246 претставки. Постапено е по 234 од нив, а во фаза на постапување се вкупно 12.

-Најголем број од поднесените претставки се од областа на здравствената заштита и благосостојбата на животни, 158. Од нив, 70 се однесуваат на наводи за неодговорно сопствеништво, додека 34 се за напад и каснување од куче, информира директорот Бабовски.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:Агенција за храна и ветеринарствоахвпретставки
Претходен напис Како Европа се соочува со глобалната криза со храна
Следен напис (ВИДЕО) Колку време е потребно за почвата да ја впие водата?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?