Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Продолжува поддршката за домаќинствата за фотонапонски панели, сончеви колектори и замена на ПВЦ прозорци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Продолжува поддршката за домаќинствата за фотонапонски панели, сончеви колектори и замена на ПВЦ прозорци
Агровести

Продолжува поддршката за домаќинствата за фотонапонски панели, сончеви колектори и замена на ПВЦ прозорци

Објавено 07/02/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во 2023 година продолжува финансиската поддршка за домаќинствата за фотонапонски панели, сончеви термални колекторски системи, како и замена на ПВЦ или алуминиумски прозорци, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Како што рече Бектеши на прес-конференција во Владата, за овие три мерки се предвидени вкупно 70 милиони денари или 1,15 милиони евра

-Со ваквите инвестиции во обновливи извори се овозможува граѓаните да ги задоволат потребите за струја, но и да имаат заштеда во време на криза. Предвидени се вкупно 70 милиони денари или 1,15 милиони евра кои ќе се користат за следните мерки: надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата до 30 отсто, но не повеќе од 15 000 денари по домаќинство за 2023 година, во вкупен износ од 15 милиони денари, надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата до 50 проценти, но не повеќе од 25 000 денари по домаќинство за 2023 година во вкупен износ од 25 милиони денари, како и надоместување на дел од трошоците за купување и инсталирање на фотонапонски електроцентрали за производство на електрична енергија до 6 киловати за сопствена потрошувачка за домаќинствата на градба на која има право на сопственост или користење, до 30 отсто, но не повеќе од 80.000 денари по домаќинство за 2023 година, во вкупен износ од 30 милиони денари, информира министерот.

Огласите за овие три мерки ќе бидат објавени кон почетокот на март годинава.

Според Бектеши, ќе продолжи поддршката на компаниите за изградба на фотонапонски централи.

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:соларни панелисончеви колектори
Претходен напис Кои клупски јаболка ќе се садат оваа сезона?
Следен напис Со 5,6 милиони евра се обновува регионалниот пат Велес – Градско
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?