До крајот на денов времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локалeн дожд. Локално ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој особено Долж Повардарието повремено ќе биде засилен.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 24 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен локален дожд и ретки грмежи. Максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 20 степени. И во текот на следните неколку денови времето ќе се задржи променливо облачно со повремен локален дожд. Локално ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за ретка појава на град. Температурите на воздухот и понатаму нема многу да се менуваат и ќе останат под просекот за овој дел од годината, односно и понатаму ќе биде релативно свежо.
Временската прогноза ја подготви Славчо Попоски

