Во текот на денешниот ден времето во нашата држава ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Локално, особено од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за локална појава на град. Ќе дува умерен, до засилен ветер од југоисточен правец, најизразен долж Повардарието и во источните предели.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за локален дожд и услови за појава на грмежи, особено во попладневните часови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура на воздухот се очекува да се искачи до околу 25 степени.
Потоа од утре следува период во кој во претпладневните часови ќе биде сончево со умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.
Не се исклучува можноста и за локална појава на град. Максималните дневни температури во текот на следните денови ќе бележат тенденција на пораст, и тоа поради продор на топла воздушна маса од југ. Истите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.
Временската прогноза ја подготви Славчо Попоски
