Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Продолжува манифестацијата на Здружението „Современо земјоделство“ -Избор на најуспешни во земјоделството за 2021 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Продолжува манифестацијата на Здружението „Современо земјоделство“ -Избор на најуспешни во земјоделството за 2021 година
Агровести

Продолжува манифестацијата на Здружението „Современо земјоделство“ -Избор на најуспешни во земјоделството за 2021 година

Објавено 28/08/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Трета година по ред и единствена од ваков вид манифестација за „Избор на најуспешни во областа на земјоделството“  ќе се одржи во Битола.  Земјоделското здружение „Современо земјоделство“ на едно место повторно ќе здружи земјоделци, агробизнисмени, трговци, претставници на инсититуции, компании, банки, осигурителни компании…сите чинители во земјоделскиот сектор без кои не може да се замисли едно модерно и профитабилно земјоделско производство. Ќе се доделат неколку признанија од различни области.

-Оваа година ни пристигнаа голем број на предлози, кој се, треба да добие признание за својата работа во оваа област. И навистина беше многу тешко да се направи изборот, посебно во година во која се донесени голем број на мерки за поддршка на земјоделството. Затоа, нема да штедиме на убави зборови и признанија за оние кои тоа навистина го заслужиле, за да добијат поттик уште повеќе да се вклучат во земјоделството и тоа да им биде приоритена гранка и пристојна егзистенција. Признанија ќе добијат успешни земјоделски производители, реномирани компании и стопанственици. Современото земјоделско производство е целта кон која се движиме, а тоа може да се постигне со ангажирање на сите чинители во овој процес, земјоделците, институциите и науката. Затоа особена чест ни претставува што трета година по ред ќе бидеме заедно на едно место, разговарајќи на земјоделски теми и дружејќи се – изјави Билјана Петровиќ, претседателка на ЗЗ „Современо земјоделство“.

Годинава „ Изборот на најуспешни во земјоделството“ финансиски е поддржан од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а со медимска и организациска поддршка од земјоделската платформа „Агротим“.

Манифестацијата ќе се одржи на 6 септември, понеделник во Ресторан СН Битола, со почеток во 16 часот. Настанот ќе започне со презентација на домашни земјоделски производи, механизација и промоција на земјоделскиот сектор. Во 17 часот е официјалниот дел и доделувањето на признанијата на најуспешните земјоделци, агробизнисмени и компании за 2021 година.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:sсовременоЗемјоделствоземјоделцинастануспешни
Претходен напис Пачешкоски: Од понеделник земјоделците да ги подигнат картичките за „Зелена нафта“во ПЕ Прилеп
Следен напис Времето денеска сончево со локална облачност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?