Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Продолжува гаснењето на големиот пожар кај армискиот полигон „Пепелиште“, нема опасност за населби и инфраструктура
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Продолжува гаснењето на големиот пожар кај армискиот полигон „Пепелиште“, нема опасност за населби и инфраструктура
Агровести

Продолжува гаснењето на големиот пожар кај армискиот полигон „Пепелиште“, нема опасност за населби и инфраструктура

Објавено 11/07/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Генерално, нема опасност за населби и инфраструктура од големиот пожар кај армискиот полигон „Пепелиште“, со опсег од десетина километри, гаснењето продолжува, информираа утринава од Центарот за управување со кризи (ЦУК). 

– Нема опасност и загрозување на населби, објекти и инфраструктура, според информации од терен, но и денеска од утрово се дејствува врз пожарот, а ЦУК упати и барање за поддршка за целосно извидување на теренот од воздух до МВР, а и барање за извидување од воздух со дронови на Граничната полиција и на „Фронтекс“, појаснија од Центарот. 

Во раните утрински часови, се дејствувало врз пожарот во реон на армискиот воен полигон „Пепелиште“ од страна на ТППЕ – Неготино и јавните комунални претпријатија од општината, а и со локална поддршка од месното население.

– Опасниот крак од пожарот што ги загрозуваше селата Пепелиште и Војшанци, вчера е изгаснат, така што, не постои повеќе опасност од пожарот за двете села, истакнаа од ЦУК. 

При утринската координација на ТППЕ од Неготино, ЦУК и МВР, било одлучено хеликоптер на МВР, утрово, да дејствува на теренот каде што е пожарот во правец од село Војшанци, кон сртот на планината Серта, за да не префрли пожарот кон Конечка Планина. Таму има густа вегетација од ниска шума, нискостеблеста иглолисна вегетација и висока трева.

– Дел од екипите на пожарникарите од ТППЕ и јавните комунални претпријатија од Неготино се концентрирани на поголемите жаришта од пожарот на планината Серта. Тие екипи, заедно и со дел од мештаните, континуирано дејствуваат во тој предел за да го стават пожарот под целосна контрола. Целата операција на дејствување врз пожарот е задолжен да ја води командирот на ТППЕ и по негова проценка, дека има потреба од дополнителни ресурси за справување и гаснење на пожарот, преку градоначалникот на општина Неготино, ќе ги побара од соседните општини, соопштија од ЦУК.

Армискиот хеликоптер „ми-17“ е планирано да се вклучи денеска околу 12 часот во гаснење на пожарот.

– Утрово, ЦУК упати и барање за поддршка за целосно извидување на теренот од воздух до МВР, а и барање за извидување од воздух со дронови на Граничната полиција и на „Фронтекс“ (Европската агенција за гранична и крајбрежна стража, што обезбедува оперативна поддршка во управувањето со границите, како помош и во нашата држава), споделија од Центарот.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:гаснењетоинфраструктуранаселбиПепелиштепожарПродолжува
Претходен напис Високи температури и УВ-индекс, на повеќе места портокалово ниво за опасност
Следен напис Во Општина Маврово и Ростуше ќе биде спроведена теристичка адултицидна дезинсекција
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?