Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот
Агровести

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот

Објавено 11/07/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжува амандманската расправа по ребалансот на Буџетот. Според информациите објавени на веб-страницата на законодавниот дом, седницата треба да почне во 12:30 часот.

На седницата на Комисијата вчера, пратеничките групи на СДСМ и коалицијата ВРЕДИ ги повлекоа поднесените амандмани по ребалансот на Буџетот, така што од над 200 поднесени амандмани, остануваат уште 30.

Повлекувањето на преостанатите 142 поднесени амандмани на СДСМ на седницата го соопшти координаторот на пратеничката група Оливер Спасовски, кој најави дека ќе поднесат два нови комисиски амандмани насочени кон справување со последиците од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани и тековните пожари низ државата.

-Сметаме дека во едни вакви услови во коишто имаме од една страна сериозни пожари во државата, не може и не треба да тече нормална дебата, туку треба да се посветиме и на такви активности. Ние доставивме еден допис до претседателката на Комисијата со конкретните амандмани. Најавуваме дека ќе поднесеме два комисиски амандмани кои ќе се однесуваат – едниот на Кочани со одредена сума на пари, и вториот амандман со сума на пари за справување со пожарите, пред се човечките капацитети. На тој начин да ја привршиме целата оваа работа во однос на амандманската расправа за ребалансот на буџетот, рече Спасовски.

Со ребалансот се врши реалокација на средства меѓу буџетските корисници, се дообезбедуваат средства за исплата на плати, пред се во Министерството за внатрешни работи, каде е обезбеден раст на платите на вработените од 10 проценти, а обезбедени се дополнителни средства и за исплата на зголемени пензии и дополнителни околу 300 милиони денари за капитални расходи. 

Вкупните приходи со ребаланост се проектирани на ниво од 362,4 милијарди денари, а расходите на износ од 403,7 милијарди денари, по еден процент (околу 3,5 милијарди денари) повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за годинава. Проекцијата за БДП останува 3,7 проценти, а инфлацијата е проектирана на ниво од 2,8 проценти. Буџетскиот дефицит останува непроменет и во апсолутен износ и како процент од БДП, односно 41,3 милијарди денари или 4 проценти од БДП. Капиталните расходи, пак, на износ од 47,5 милијарди денари. Државниот долг на крајот на 2025 година, според проекциите на Владата, ќе изнесува 53,3 проценти од БДП, а јавниот долг се очекува да биде на нивото од 62,1 процент. 

МИА

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:амандманската расправаБуџетотПродолжуваребалансот
Претходен напис На ГП Табановце за влез во државава се чека околу половина час
Следен напис ЦУК: До 7.30 часот седум активни пожари, четири под контрола и 27 изгаснати
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?