Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Признание за значаен придонес во развојот на млечната индустрија на „Бучен Козјак“!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Признание за значаен придонес во развојот на млечната индустрија на „Бучен Козјак“!
Агровести

Признание за значаен придонес во развојот на млечната индустрија на „Бучен Козјак“!

Објавено 05/02/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со особена чест и задоволство го примивме „Признанието за значаен придонес во развојот на млечната индустрија“ на МАК 2025. Ова признание ја одразува нашата долгогодишна посветеност на високите стандарди, одржливото производство и квалитетот што го испорачуваме на потрошувачите секој ден, информираат од компанијата „Бучен Козјак“.

Во време кога климатските промени и одржливоста се главни предизвици во агросекторот, ова признание ни дава дополнителен поттик да продолжиме да вложуваме во иновативни, еколошки одговорни и одржливи практики, кои обезбедуваат квалитетна и безбедна храна. Нашата мисија е да ја зачуваме традицијата на производството на млечни производи, но истовремено и да ја унапредуваме со модерни решенија, следејќи ги најдобрите светски трендови во индустријата.

Искрено благодариме на организаторите, партнерите и сите учесници за плодните дискусии, размената на знаење и можноста за нови соработки. Ваквите настани се од суштинско значење за унапредување на млечната индустрија во регионот и пошироко.

Горди сме што Бучен Козјак беше дел од меѓународната агробизнис конференција – МАК 2025 во Копаоник, Србија, каде што се говореше на тема: „Климатските промени и еколошката одржливост во агросекторот и производство на храна“.

Фокусот беше ставен на предизвиците и можностите во Србија, Македонија, регионот и Југоисточна Европа со посебен акцент на стратегиите за адаптација на земјоделското производство кон климатските промени, одржливо производство на прехранбени производи, дигитализација, иновации и имплементација на ЕСГ стандарди.

Како бренд кој неуморно работи на одржливо производство и висококвалитетни млечни производи, нашата компанија активно учествуваше во дискусиите, споделувајќи добри практики и стратегии за развој на секторот. Ваквите настани се клучни за создавање идејни решенија поткрепени со научно-истражувачки трудови кои ќе ја обезбедат иднината на агробизнис секторот.

Огромна благодарност до организаторите, Институт за заштита на растенија и животна средина-Белград и Научно-деловен центар WORLD-Краљево за подготовка и организација на 12-та по ред агробизнис конференција.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Буџен Козјакмак 2025млекопроизводствонаграда
Претходен напис Цените на угостителските услуги во јануари на годишно ниво повисоки за 5,8 отсто
Следен напис Ведро и студено утро, преку ден сончево и ветровито
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?