Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Приведени тројца малолетници, фатени со бензин, петарди и запалка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Приведени тројца малолетници, фатени со бензин, петарди и запалка
Агровести

Приведени тројца малолетници, фатени со бензин, петарди и запалка

Објавено 10/07/2025
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во рамки на преземените обемни активности околу состојбата со пожарите во скопскиот регион, вчера (09.07.) на подрачје на ЕВР Гази Баба, поточно во близина на месноста Ајватовски рид кај населбата Илинден во 23:40 часот полициски службеници при преглед на три малолетни лица, странски државјани, во ранец пронашле две шишиња со по 1,5 литри бензин, две петарди, запалка и течен лепак, по што истите се лишени од слобода. Во присуство на дежурен тим на Јавна установа центар за социјални работи и адвокат обавен е службен разговор, по што со потврда за предавање на лица истите се предадени на ЈУМЦСР.

Исто така, вчера околу 10:50 часот во отпад за хаварисани возила и старо железо во Визбегово кој се наоѓа помеѓу хотелски објект и објект на правно лице од страна на две лица извршено е кривичино дело – „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“ врз двајца медиумски работници од национална медиумска куќа, при што едно од лицата извршило и нарушување на ЈРМ и „непочитување наредба на овластено службено лице или државен орган“, за што истите се лишени од слобода и во координација со Јавен обвинител од ОЈО Скопје се задржани за понатамошна постапка. Воедно, во близина на Раштански пат, поточно на стариот пат кон езерото Смилковци, вчера околу 22:00 часот по настанатиот пожар и по преземени мерки и дејствија на опожарениот дел пронајдени се жици од запалена гума, една ракавица и дел од ракавица, по што од страна на ЕУМНА при СВР Скопје истите се подигнати за вештачење.

Она што, исто така, е битно да се нагласи е дека вчера со директно вклучени над 170 полициски службеници од неколку полициски станици од општа надлежност, како и над 80 полициски службеници од крим полицијата, СВР СКопје преку координација на Посебен оперативен штаб формиран за таа цел, учествуваше во гаснењето и локализирањето на 28 пожари пријавени на подрачјето на главниот град. Всушност, освен на подрачјето на надлежност на ПСОН Центар и ПО Арачиново, вчера сите други подрачја на останатите организациони единици при СВР Скопје беа зафатени со пожари.

Најмногу регистрирани пожари имаше на подрачјето на ПСОН Ѓорче Петров – седум, каде што се опожарени сува трева, жито, три куќи и 2 помошни простории, потоа на подрачјето на ПСОН Гази Баба четири регистрирани пожари, на подрачјето на ПО Мирковци, ПО Петровец и ПО Шуто Оризари по три пожари, на подрачјето на ПО Шуто Оризари е изгорен еден простор со отпад во целост, а на останатите подрачја е изгорена сува трева. На подрачјето на ПСОН Кисела Вода и ПСОН Чаир регистрирани се по два пожари каде што е изгорена сува трева, а на подрачјата на ПСОН Аеродром, ПСОН Драчево, ПСОН Карпош и ПО Сарај регистрирани се по еден пожар каде што е изгорено сува трева и нискостеблеста шума.

Практично, вчера Секторот за внатрешни работи Скопје (вклучувајќи ги и Единицата за Интервенции и команда при СВР Скопје и Сектор за известување и координација на состојби при БЈБ) во содејство со Дирекција за заштита и спасување, Центар за управување со кризи, Бригада за противпожарна заштита, Итна медицинска помош, ЈП Водовод и Канализација, ЈП Улици и патишта, постапувајќи во рамките на своите надлежности превзеде низа мерки и активности а учествуваше и во активности за евакуација на жителите кои живеат во близина на опожарените предели, давање помош на БППЗ и на жителите на опожарените предели за локализирање на пожарите во целост. Така во селото Орман и во Шуто Оризари направена е евакуација на население на потесен периметар од пожарот.

Од страна на СВР Скопје сеуште се преземаат мерки и активности со цел за расчистување на причините на настанување на пожарите. За пожарот на подрачјето на ПСОН Аеродром утврдено е дека истиот настанал поради спој на електрични кабли предизвикан од силен ветер.

Министерството за внатрешни работи покрај конкретните секојдневни активности во гаснење на пожарите и континуираното превентивно присуство на терен, ќе продолжи со интензивни оперативни активности на расчистување на причините за избувнување на пожарите крајно одговорно и ригорозно со цел правно санкционирање на сите евентуални сторители на ваквиот вид кривични дела.  

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бензинзапалкамалолетниципетардиПриведени
Претходен напис Трипуновски на терен во Тремник: Приоритна цел е да има вода за наводнување за земјоделските површини
Следен напис Сончево со умерена облачност, максималната температура до 33 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?