Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пристигнаа вкупно 2901 апликација за набавка на трактор, изградба на силоси, мандри, опрема за производство на тутун и проектот рурална жена
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пристигнаа вкупно 2901 апликација за набавка на трактор, изградба на силоси, мандри, опрема за производство на тутун и проектот рурална жена
Агровести

Пристигнаа вкупно 2901 апликација за набавка на трактор, изградба на силоси, мандри, опрема за производство на тутун и проектот рурална жена

Објавено 06/06/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство извести дека зголемен интерес кај земјоделците бележат последните пет јавни повици кои беа распишани од програмата за Рурален развој за 2022 година, преку кои се овозможи поддршка за набавка на трактор, поддршка за изградба на силоси, изградба на мандри, поддршка за набавка на опрема за производство на тутун и грантот за рурална жена.

Рокот за аплицирање на овие јавни повици беше до 20 мај, а до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој пристигнати се вкупно 2.901 апликација. Од нив 2675 апликации за набавка на трактори, 132 апликација за грантот од 6.000 евра за рурална жена, 62 апликации за набавка на опрема за производство на тутун, 24 апликации за изградба на силоси и 8 апликации за изградба на мандри.

Поддршката на овие јавни повици е во форма на кофинансирање, односно до 75% од вкупната вредност на набавениот трактор, силос и мандри, или поединечно по корисник поддршката изнесува до 3.500.000 денари за трактор, 1 милион денари за силоси и 600.000 денари за мандри по корисник. Поддршката за набавка на опрема за производство на тутун е нова мерка која овозможува инвестиции во машини за расадување на тутун, машини за нижење на тутун и метални конструкции за сушење на тутун. Максималниот износ на поддршката за оваа мерка по корисник изнесува 4.500.000 денари.

Зголемениот интерес за проектот рурална жена, нè мотивира и висината на грантот двојно ја зголемивме од 3000 на 6000 евра по корисник. Преку овој проект ги мотивираме жените земјоделки да се занимаваат со земјоделство.

Како министерство водиме грижа и даваме поддршка за секој земјоделец. Започнавме нова пракса каде што нема селективност, нема правило прв дојден прв услужен, туку обезбедуваме поддршка за сите земјоделци кои се јавиле на јавниот повик и притоа ги исполнуваат мерките.

Тоа го докажавме со потпишувањето на договорите за набавка на педигриран добиток каде што од вкупно 104 апликации, договор е потпишан со 103 апликанти, додека 1 апликант ја има повлечено својата апликација. На овој начин сточниот фонд го збогативме за нови 3842 грла високо педигриран добиток, а вредноста на поддршката изнесува 253 милиони денари. Уште еден таков позитивен пример е и потпишувањето на 322 договори за набавка на модерни системи за наводнување, поддршка вредна 75 милиони денари.

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:мандрирурална женасилоси
Претходен напис Бачовски: Објавен јавниот повик за мерка 121.5 – набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз со секцалици и/или мобилни сушари за ориз
Следен напис Бензините поскапуваат за денар, дизелот за 2,5 денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?