Во „Службен весник“ објавен е Правилникот за утврдување на работните места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење, информира министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.
Со ова, припадниците на шумската полиција добиваат право на бенефициран стаж – право што долги години го бараа, но и покрај бројните ветувања, сè до сега остануваше нереализирано.
Со оваа одлука, се оддава почит и признание за секојдневната работа, пожртвуваноста и ризикот што шумските полицајци го преземаат во заштитата на шумите и природните ресурси на нашата држава.
Ова е уште еден показател за вреднување на трудот на оние кои постојано се во заштита на заедничкото добро.
Со јасна визија и посветеност, резултатите се неминовни и тоа во интерес на сите нас.
Фејсбук статус на Цветан Трипуновски.
