Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Приносот на европските житни култури е под просекот, каква е состојбата со маслодајните култури?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Приносот на европските житни култури е под просекот, каква е состојбата со маслодајните култури?
Агровести

Приносот на европските житни култури е под просекот, каква е состојбата со маслодајните култури?

Објавено 11/07/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Според очекувањата на Здружението на земјоделци на ЕУ и Copa Cogeca, приносите на жито во Европската Унија ќе бидат намалени во 2022 година, додека приносите од маслодајни семиња ќе бидат добри. Годинешната реколта е под силно влијание на временските услови.

Вкупното производство на житни култури во ЕУ се проценува на 277 милиони тони. Тоа е пад од 4,4 отсто во однос на приносот од 290 милиони тони во 2021 година. Кога станува збор за петгодишниот просек, забележан е пад од 3,8 отсто во однос на просекот од 288 милиони тони.

Површините под лебната пченица останаа речиси исти. Засеани се 21,7 милиони хектари. Минатата година приносот беше 129,2 милиони тони, а годинава се очекуваат само 123,4 милиони тони. Најголем пад на приносот се очекува кај тврдата пченица од 14,6 отсто во однос на 2021 година.

Copa Cogeca проценува дека овогодинешната жетва на други житни култури како јачмен, ‘рж, тритикале, овес и сирак е за 4,4 отсто помала.

Влијание на временските услови

Големо влијание на приносите имаа временските прилики кое не беа погодни за овој сектор од земјоделството. Приносот на лебната пченица е намален за околу пет отсто, најмногу поради екстремниот топлотен бран што зафати области на Шпанија, Франција, јужните делови на Германија, северот на Италија, но и други земји. Во услови на високи температури и недостаток на врнежи, влагата во земјата беше недоволна за формирање на високи приноси.

Copa Cogeca ја повикува Европската комисија да ја разбере сериозноста на ситуацијата и адекватно да одговори на транспарентноста и конкуренцијата на пазарот на вештачки ѓубрива, тесните грла во логистиката и правната сигурност за земјоделците.

Добри приноси на маслодајни култури

Кога станува збор за маслодајните култури, очекувањата се позитивни. Очекуваниот принос е 32,1 милиони тони, што е за 8,5 отсто повеќе од лани и за 7,7 отсто над петгодишниот просек од 29,8 милиони тони. Ова е резултат на поголеми засеани површини за милион хектари во однос на лани. Приносот на сончогледот останува стабилен, а приносот на сојата ќе биде повисок за 9,8 отсто, пренесува Feednavigator.

Наведено е дека е се потешко производството на житарки и маслодајни култури, поради различните предизвици. Достапни се сè помалку ефикасни средства за заштита и тие се сè поскапи. Неопходно е да се создадат сорти отпорни на климатски промени, растителни болести и штетници.

Може да ви се допадне

Редовно наводнување на културите и почитување на препораките за работа на отворено, препорачуваат агрометеоролозите
Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Таг:маслодајна репка
Претходен напис Времето денеска сончево со мала облачност и умерен ветер
Следен напис Бил Гејтс повторно купува земјиште – Јавниот обвинител ја истражува законитоста на откупот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?