Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Прилепскиот комбинат откупот на тутунот ќе го почне во вторник, на прагот е на договор за продолжување на соработката со „Филип Морис“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Прилепскиот комбинат откупот на тутунот ќе го почне во вторник, на прагот е на договор за продолжување на соработката со „Филип Морис“
Агровести

Прилепскиот комбинат откупот на тутунот ќе го почне во вторник, на прагот е на договор за продолжување на соработката со „Филип Морис“

Објавено 14/11/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Прлепскиот тутунски комбинат во вторник, на 18 ноември,  ги отвора вратите за откуп на тутунот на 34 пункта во земјава.  Ќе преземе 2.300 тони тутун и ќе исплаќа двапати неделно. Цените по класи се поголеми за 5 проценти од другите откупувачи.

-Подготвени сме за откуп на договорениот тутун со кооперантите. Во вторник ќе бидат отворени вратите за откуп на 34 места со регистрирани 37 ваги. За годинава имаме договорено за откуп на 2.300 тони што е повеќе од лани кога откупивме 1.800 тони тутун. Имаме обезбедно средства за исплата која ќе севрши двапати неделно. Цената по класи е дефинирана уште од март месец и е за 5 проценти поголема од другите откупувачи. Првата класа тутун е 420, втората 360, а третата класа тутун се купува по 300 денари за килограм. Сега-засега не можам да кажам дека ќе има некое зголемување на цените, изјави Александар Алексоски, директор на Тутунски комбинат од Прилеп.

Тутутнот собран преку летото е со висок квалитет, но сега некои тутунари берат што не може да го оправда очекуваниот квалитет. Како комбинат ги поздравуваат законските измени со кои се забранува увоз на тутун додека трае откупната кампања што е во полза и на тутунарите и на тутунопроизводството во земјава.

Од комбинатот велат дека ги надминале оперативните загуби во работењето.

-Треба да разликуваме оперативна или добивка или загуба на крајот на годината. Кога минатата година во ноември дојдовме во Комбинатот, веќе имаше прокнижена оперативна загуба од 117 милиони денари. По една година остваруваме, не голема, туку оперативна добивка од околу еден милион денари, па така, сме ја надоместиле ланската загуба од 117 милиони денари. Освен тоа, остваруваме зголемување од 35 проценти во производството на цигари, вели Алексоски.

Со стратешкиот партнер „Филип Морис“ комбинатот 11 години соработува и го очекува договорот на нова 10-годишна соработка.

-Таа динамика и процес беа забавени поради локалните избори. После сето тоа, ќе се продолжи со преговорите. Веќе потпишавме договор за доверливост. Очекувам во првата половина од наредната, 2026 година, договорот за продолжување на соработката со „Филип Морис“ да биде потпишан, рече директорот на прилепскиот Тутунски комбинат Александар Алексоски.

Законски, откупот почнува на 15 ноември и трае до крајот на февруари. Реколтата од околу 22.000 тони треба да ја купат 10 откупни компании.

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:вторникПрилепскиот комбинаттутунотФилип Морис
Претходен напис ССМ: Работниците бараат минимална плата од 600 до 700 евра
Следен напис (ВИДЕО) Милена Ангелова: Процесот за да се регистрираш за продажба од КУЌЕН ПРАГ е брз и едноставен
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?