Приходите од продажба во текот на 2020 година, заради бројните ограничувања особено во вториот квартал, изнесувале 26,1 милиони евра што е за 15 отсто послабо од 2019 година. Речиси целиот приход од продажба компанијата го реализирала на домашниот пазар, односно 26,09 милиони евра. Оперативните расходи на компанијата во 2020 година биле за 20 отсто пониски од претходната споредбена година. Расходите за рекламни и маркетинг-услуги се намалени за 52%. Нето-добивката на „Прилепска пиварница“ лани изнесувала 1,34 милиони евра, пренесува instore.mk.
