Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Прилеп со богата програма за одбележување на празникот 11 Октомври
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Прилеп со богата програма за одбележување на празникот 11 Октомври
Агровести

Прилеп со богата програма за одбележување на празникот 11 Октомври

Објавено 08/10/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Со богата програма Прилеп ќе ги одбележи празникот 11 Октомври и 83 – годишнината од Народното востание. Во програмата се опфатени повеќе настани.

Вечер од 19:30 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ концерт ќе одржи Ансамбл Македонија.

В среда, на 9 октомври, од 18 часот на стадионот кај Могилата на непобедените ќе се одржи хуманитарен настан „Сплотени за Никодим“. Истовремено, во градската библиотека „Борка Талески“ ќе биде Вечер на родољубива поезија, а од 20 часот во прилепскиот музеј ќе се отвори изложба на фотографии „Златниот антички наод“ од село Тремник, Неготино.

На 10 октомври, во пресрет на Празникот, напладне на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ учениците од прилепските училишта ќе го формираат македонското знаме. Од 18,30 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ е изложбата на дела од Владимир Лукаш.

Централната манифестација за одбележувањето на 11 Октомври е од 19 часот на камената бина на плоштадот „Александрија“. Ќе настапи КУД „Пере Тошев“. Со традиционалниот импровизиран напад и огномет градот се потсетува на виорните времиња од 11 октомври 1941 година кога со нападот на тогашната полициска станица, Участакот, е означен почетокот на Народното востание и ослободителната борба против фашистичкиот окупатор.

На Празникот, почит ќе им биде оддадена на загинатите борци и дејци со положување цвеќе и поклон пред криптата на Могилата на непобедените, во Алејата на народните херои, пред спомениците на Методија Андонов Ченто и на Кузман Јосифоски-Питу во центарот на градот.

На Празникот, во просториите на Црвениот крст ќе се одржи крводарителска акција, а на булеварот „Гоце Делчев“ ќе биде изложбата на автомобили.

Од 9 до 12 октомври, во рамките на програмата за одбележување на 11 Октомври, на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ ќе се одржува Фестивал на медот, а на 12 октомври на платото пред Градскиот саат ќе биде Саемот на земјоделски производи.

МИА

Може да ви се допадне

Редовно наводнување на културите и почитување на препораките за работа на отворено, препорачуваат агрометеоролозите
Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Таг:11 Октомврибогата програмаПрилеп
Претходен напис Водата и во Општина Василево не е за пиење и употреба
Следен напис Трошоците на живот во септември на годишно ниво повисоки за 2.6, а цените на мало за 3.3 отсто
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?