Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пријавувањето е во тек: Дополнителни субвенции за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афионова чушка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Пријавувањето е во тек: Дополнителни субвенции за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афионова чушка
Субвенции

Пријавувањето е во тек: Дополнителни субвенции за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афионова чушка

Објавено 14/11/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го отвори системот за пријавување на дополнителните директни плаќања од програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

Сите земјоделски производители кои имаат остварено, предадено или складирано производство во 2024 година може истото да го пријават преку системот за Директни плаќања  по основ на 8 мерки:

1.3 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афионова чушка.

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои имаат засеани и ожнеани површини со сончоглед, маслодајна репка и оствареното производство го имаат продадено во преработувачки капацитети, вклучително и запотребите на сопствениот преработувачки капацитет, а се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи;

Корисници на оваа подмерка се иземјоделските стопанства кои се корисници на подмерка 1.1. од оваауредба, кои имаат засеани површини со афион во есен 2023 година и пролет2024 година, имаат одобрение за производство на афион согласно Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции и оствареното производство од афионова чушка од реколта 2024 година го продале во регистрирано откупно претпријатие запишано во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи;

Корисници на оваа подмерка се и земјоделски стопанства кои се корисници на подмерка 1.1. од оваа уредба кои имаат засеани и ожнеани површини со пченица и јачмен и оствареното производство го имаат продадено или складирано кај регистриран откупувач, вклучително и за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, а се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи;

Корисници на оваа подмерка се и земјоделски стопанства кои се корисници на подмерката 1.1. од оваа уредба кои своето производство од пченица и јачмен го продале на регистрирани одгледувачи на добиток, вклучително и за сопствени потреби за исхрана на добиток регистриран со регистарски број на одгледувалиште, во регистарот на одгледувачи наживотни во Агенцијата за храна иветеринарство. Прифатлив број на животни на површина од 0,7 хектари: едно говедо или еден копитар, односно 10 овци или кози, односно 4 свињи, односно 100 кокошки, мисирки, гуски, патки или бисерки;


Висината на дополнителните директни плаќања е условена со минимални просечни приноси и тоа: 3.000 кг/ха за пченица и јачмен, 1.500 кг./ха за сончоглед, 1.800 кг/ха за маслодајна репка, 300 кг/ха за афион и

Висината на дополнителните директни плаќања за пченица, јачмен, сончоглед и маслодајна репка изнесува 6.000 денари по хектар и за афионова чушка изнесува 18.000 денари по хектар.

Рокот за поднесување на барањата за дополнителните плаќања од програмата за финансиска поддршка во земјоделството е до 25 декамври 2024 година.

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Исплата на субвенциите за тутун – првата недела во јуни, најави директорката Иротова
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Таг:директни плаќањамерканајновосубвенциифинансииха
Претходен напис Пријавувањето е во тек: Дополнителни директни плаќања за остварено производство на ГРОЗЈЕ
Следен напис Пријавувањето е во тек: Дополнителни субвенции за остварено производство од домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?