Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го отвори системот за пријавување на дополнителните директни плаќања од програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Сите земјоделски производители кои имаат остварено, предадено или складирано производство во 2024 година може истото да го пријават преку системот за Директни плаќања по основ на 8 мерки
1.9 Дополнителни директни од подмерка 1.8 за остварено производство на овошје.
Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат засадени површини со следните овошни видови: јаболка, слива, праска, вишна, цреша, кајсија, круша, јапонско јаболко, лешник, орев, бадем и калинка, се корисници на подмерката 1.8. од оваа уредба, а оствареното производство е предадено на регистриран откупувач вклучително и произведените овошни култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет или е користено за домашни потреби или е продадено на пазар;
-Висината на дополнителните директни плаќања за јаболко изнесува 30.000 денари на хектар;
-Висината на дополнителните директни плаќања за слива и праска изнесува 25.000 денари на хектар;-Висината на дополнителните директниплаќања за вишна, цреша, кајсија и круша изнесува 22.000 денари на хектар;
-Висината на дополнителните директни плаќања за јапонско јаболко, лешник, орев, бадем и калинка изнесува 13.000 денари на хектар и
-Висината на поддршката од алинеите 2, 3, 4 и 5 од оваа подмерка се намалува со зголемување на пријавенитеповршини и тоа: од 0,2 ха до 5 ха 100%,од 5,1 ха до 30 ха 60% и над 30 ха 30%.
1.10 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за овошје предадено во преработувачкi капацитети
-Корисници на оваа подмерка се сите земјоделски стопанства кои имаат засадени површини со следните овошни видови: праска, вишна, малина, капина, аронија, гоџи бери, кајсија, јагода и калинка и се корисници на подмерката 1.8. од оваа уредба и се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства;
-Оствареното производство на праска, вишна, малина, капина, аронија, гоџи бери, кајсија, јагода и калинка да е предадено во преработувачки капацитет за овошје директно или преку еден регистриран откупувач во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година, вклучително произведените количини за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, запишаниво
Регистарот на откупувачи на земјоделски производи и
-Висината на директните плаќања изнесува 3 денари по килограм за праска, вишна, малина, капина, аронија, гоџи бери, кајсија, јагода и калинка.