Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Прихрана на виновата лоза во текот на вегетацискиот период
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Прихрана на виновата лоза во текот на вегетацискиот период
Агровести

Прихрана на виновата лоза во текот на вегетацискиот период

Објавено 27/04/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Прихраната на виновата лоза претставува важна агротехничка мерка која се спроведува континуирано во текот на вегетацијата, со цел обезбедување оптимален раст, развој и принос, како и подобар квалитет на грозјето.

Особено значајна е азотната прихрана, која најчесто се изведува со калциум-амониум нитрат (KAN), рано напролет при првата обработка на почвата, при што најголемиот дел од внесениот азот се искористува до фазата на цветање. Прихраната се врши во неколку фази:

• прва прихрана – на почеток на вегетацијата (март–април), при појава на пупење

• втора прихрана – по цветањето (мај–јуни)

• трета прихрана (по потреба) – 3–4 недели по втората, во фаза на интензивен пораст на бобинките

Азотот има клучна улога во интензивниот вегетативен пораст, формирањето на лисната маса и развојот на леторастите, при што најголемиот дел од внесениот азот се искористува до фазата на цветање. Прекумерната употреба на азот може да предизвика негативни последици, како што се: опаѓање на цветовите, појава на ретки гроздови и нерамномерно или задоцнето зреење на гроздот. Исто така, прекумерниот азот негативно влијае врз квалитетот на виното (послаба арома, нестабилност). Редовното основно ѓубрење е неопходно, при што на секои 3–4 години се препорачува внесување на прегорено шталско ѓубриво. Најдобро е во есенскиот период (октомври–ноември), веднаш по бербата. Оваа мерка придонесува за подобрување на физичките, хемиските и биолошките својства на почвата, зголемување на содржината на органска материја и подобрување на водно-воздушниот режим. Фолијарната прихрана се применува како дополнителна мерка преку лист, со употреба на водорастворливи минерални ѓубрива богати со микроелементи, особено магнезиум (Mg), бор (B) и железо (Fe), кои често се во дефицит кај лозовите насади. Првото третирање се врши во рана фаза на развој, кога леторастите достигнуваат должина од 10–15 cm односно април–мај, во зависност од регионот. Понатамошните третирања се изведуваат во критичните фази од развојот и тоа:

• пред цветање

• по цветање (формирање на зрна)

• во фаза на интензивен пораст на гроздовите

Кај лозја на варовити (карбонатни) почви често се јавува хлороза односно пожолтување на листовите како последица на недостиг на железо. Во такви услови се препорачува примена на фолијарни ѓубрива со зголемена содржина на железо (Fe). Фолијарната прихрана има значајна улога во услови на суша, кога усвојувањето на хранливи материи преку коренот е намалено. Сепак, таа не може да ја замени основната исхрана преку почвата, туку претставува дополнителна мерка во системот на исхрана на виновата лоза.

Извор: Агрометео

Може да ви се допадне

Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Се чека со часови за влез во Грција. Километарски колони и покрај седум ленти
Германските земјоделци предупредуваат на можен недостиг на ѓубрива поради кризата на Блискиот Исток
ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
Таг:вегетацискиот периодприхрана
Претходен напис Азески: Очекуваме продлабочување на кризата, ако има потреба ќе побараме таргетирани мерки
Следен напис Претпладне сончево, попладне дожд и грмежи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?